Бизнис

МТЕЛ слави 5 години: „Ние славиме. Вие добивате.“

МТЕЛ одбележува пет години од своето работење на македонскиот пазар и по тој повод ја започнува големата роденденска кампања

МТЕЛ одбележува пет години од своето работење на македонскиот пазар и по тој повод ја започнува големата роденденска кампања „Ние славиме. Вие добивате.“ Кампањата носи пет специјални понуди за мобилни телефони, паметни часовници, телевизори и припејд бонус.

Петгодишниот јубилеј е можност МТЕЛ да им се заблагодари на корисниците за укажаната доверба и заеднички да го одбележи овој значаен момент. Затоа, во периодот од 20 октомври до 14 ноември 2026 година, корисниците ќе можат да изберат една од петте роденденски понуди:

  • до 30% попуст на избрани iPhone модели
  • 50% попуст на избрани Huawei паметни часовници
  • 50% попуст на избрани Samsung Crystal UHD телевизори
  • избрани Xiaomi Redmi телефони од само 1 денар
  • 5 GB мобилен интернет подарок за припејд корисниците при надополнување на кредитот со најмалку 300 денари.

Подарените 5 GB за припејд корисниците се активираат автоматски по извршеното надополнување и важат во следните 7 дена. Во текот на промотивниот период, корисникот може да го добие бонусот најмногу пет пати.

„Пет години МТЕЛ се пет години исполнети со развој, нови услуги и доверба од нашите корисници. Овој јубилеј сакаме да го одбележиме заедно со нив, со понуди што носат конкретна вредност и со едноставна порака што ја отсликува суштината на кампањата – ние славиме, а корисниците добиваат“, истакнуваат од МТЕЛ.

Роденденските понуди за уреди се достапни со договор на 24 месеци во избрани тарифни пакети. Промотивните цени важат до 14 ноември 2026 година или до исцрпување на залихите.

Повеќе информации за моделите, цените и условите на понудите се достапни во продажните места на МТЕЛ, на mtel.mk и преку контакт-центарот на бројот 15010.

Најнови вести од: Бизнис

Клиентите на „АЛТА банка“ од сега можат да користат електронско и мобилно банкарство, се отвора и експозитура во Скопје

Клиентите на Банката од денеска, 10 ноември, ќе можат да ги користат услугите на електронското и мобилното банкарство, согласно лимитот од 15.000 денари неделно за клиентите кои поседуваат платежни картички и до 20.000 денари (за две недели) за оние кои не поседуваат.

Станбен кредит со каматна стапка од 2,95% – Вашиот следен чекор кон сопствен дом со НЛБ Банка

Сопствениот дом е повеќе од адреса. Тој е омилениот простор за утринско кафе, просторот за заеднички моменти и местото во кое новите планови добиваат своја соба. За сите што се подготвуваат за овој важен животен чекор, НЛБ Банка нуди станбени кредити со каматна стапка почнувајќи од 2,95% и без нотарски трошоци за одобрување на кредитот.

УЈП: Плати за септември не исплатиле навреме 25.343 работодавачи за повеќе од 72 илјади вработени!

Повеќе од 72 илјади вработени во Македонија се погодени, бидејќи не ја добиле навреме целосната бруто-плата за септември 2026 година, покажуваат податоците на Управата за јавни приходи. Обврската во законскиот рок не ја исполниле вкупно 25.343 работодавачи.

Овозможени уплати за комуналии и отплата на кредити – реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ во Битола, Струмица и Тетово

Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Вицепремиерот Николоски: Новата инвестиција на „АСП-ПАК“ донесува развој и нови можности за Охрид

Нов производствен капацитет на компанијата „АСП-ПАК“ ДООЕЛ беше отворен во Охрид, инвестиција која, според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, претставува значаен придонес за развојот на локалната економија и индустријата во земјава.

To top