Бизнис

Над 40% од фирмите не издаваат фискални, запечатени 25 објекти низ државата

Управата за јавни приходи најавува засилено теренско присуство со зголемен број на контролори на територијата на целата држава. УЈП веќе постапува согласно нова методологија на контроли, што вклучува и вкрстени проверки за утврдување на веродостојноста на прикажаните приходи кај даночните обврзници.

Управата за јавни приходи продолжува со засилени теренски контроли за фискализација, при што во првите четири месеци од 2026 година кај над 40% од контролираните субјекти се утврдени неправилности согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања (ЗРГП), од кои 30% се неправилности кои директно значат неиздавање фискални сметки, издавање непропишани сметки и непоседување фискална каса. Во овој период, Управата за јавни приходи спроведе вкупно 960 теренски контроли за фискализација, што е зголемување за 5% во однос на истиот период во 2025 година. Со контролите беа опфатени различни типови деловни субјекти:

• 434 угостителски објекти;
• 318 трговски објекти;
• 201 услужен објект;
• 7 приредувачи на игри на среќа.

Контролите се реализирани врз основа на пријави од граѓани преку линијата 198, интерни анализи на УЈП и координација со други надлежни институции. За одбележување е фактот дека граѓаните се охрабриле повеќе да пријавуваат неправилности преку Контакт центарот и Инфо линијата на УЈП. Така, во овој период пристигнати се вкупно 887 пријави од граѓани, што е зголемување за 36% во однос на минатогодишниот број на пријави. УЈП потсетува дека граѓаните можат директно да пријавуваат неправилности и преку апликацијата МојДДВ.

Кај 395 субјекти се констатирани неправилности согласно ЗРГП. Загрижува фактот што бројот на субјекти со утврдени неправилности бележи раст и покрај континуираните мерки на УЈП. Додека минатата година неправилности биле утврдени кај 32% од контролираните субјекти, оваа година тој процент е зголемен на 42%.

За утврдените неправилности во првите четири месеци од 2026 година изречени се глоби на правното лице и одговорното лице кај 395 субјекти. Најчеста неправилност и понатаму останува неиздавањето фискални сметки, при што во првите четири месеци од 2026 година се изречени 242 глоби по овој основ. Значителен раст е евидентиран и кај прекршоците поврзани со невоведување фискален систем, каде бројот на изречени глоби е зголемен од 7 на 32 во споредба со минатата година.

Поради повторено неиздавање фискални сметки во период од две години, на 25 субјекти им е изречена мерка привремена забрана за вршење дејност – запечатување на објектите.

Управата за јавни приходи најавува засилено теренско присуство со зголемен број на контролори на територијата на целата држава. УЈП веќе постапува согласно нова методологија на контроли, што вклучува и вкрстени проверки за утврдување на веродостојноста на прикажаните приходи кај даночните обврзници. Насочени сме кон откривање на моделите, ризиците и механизмите преку кои се создава неевидентираниот промет, не само да констатираме разлики, туку на разоткривање на тековите на неформалните економски активности и непријавените даноци.

На даночните обврзници кај кои е утврден неевидентиран промет им се укажува истиот доброволно да го евидентираат во книговодствената евиденција и соодветно да го прикажат во даночните пријави. Доколку даночните обврзници не извршат доброволно усогласување, УЈП ќе спроведува дополнителни даночни контроли и ќе преземе санкции согласно законските прописи. Управата за јавни приходи останува цврсто посветена на доследна примена на законите, сузбивање на сивата економија и обезбедување еднаков третман за сите даночни обврзници.

Најнови вести од: Бизнис

„Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија

Кредитниот рејтинг на Македонија „Стандард и Пурс“ го оценува двапати годишно. Рејтингот претставува важен индикатор за инвеститорите и меѓународните финансиски пазари при оценката на кредитниот ризик на една земја.

Како да се ограничи употребата на млеко во прав и палмино масло во млечните производи?!

Стопанската комора со години укажува на проблемите во млекопроизводството, потребата од контрола на квалитетот на домашните и увозните млечни производи и потребата од усогласување на правилата со европските стандарди.

Се намалува делот од платата за плаќање рати – Народна банка со построги правила за кредитите

Од 1 декември се намалува максималниот рок за отплата на станбените кредити од 30 на 25 години, а на хипотекарните потрошувачки кредити од 20 на 15 години, соопшти Народна банка откако ги усвои измените на правилата за кредитирање.

Славески: Структурните реформи можат значително да ја забрзаат конвергенцијата кон ЕУ

Славески нагласи дека воспоставената и долго одржувана макроекономска стабилност создаде цврста основа за развој на нашата економија, додека зголемената трговска отвореност и интеграцијата во европските и глобалните синџири на вредност значително го променија економскиот и извозниот профил на земјата.

Пад на невработеноста – 88.000 луѓе се пријавени во Агенцијата, најголем дел со или без образование

Најголем група на невработени се лицата без образование, или само со основно образование. Тие достигнуваат дури до 50.426 од вкупниот број на пријавени граѓани кои се невработени.

(Фото): НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите – нова зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони – простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го менуваат маалото на подобро. Токму на стартот на академската година, Дебар Маало доби ново место за поврзување, но и силна порака за заедничка одговорност „Чувај го твоето маало“. Отворањето го одбележаа музика, дружење и голем број млади од скопските факултети и средни училишта.

Поради намалените акцизи и ДДВ за горивата, во Буџетот фалат од 6 до 7 милијарди денари

Евентуалните ограничувања на извозот на дизел од САД би можеле дополнително да го затегнат европскиот пазар и да ги зголемат цените. Тоа би бил нов удар и за земјите кои, како Македонија, зависат од увоз на енергенти.

To top