Бизнис

Народна банка со зајакнати статистички и аналитички капацитети

Народната банка останува посветена на натамошното унапредување на статистичките податоци, нивната транспарентност и навременост, како и на целосно усогласување со меѓународните и европските стандарди.

Народната банка постојано работи на унапредување на квалитетот, опфатот и навременоста на податоците, постигнувајќи висока усогласеност со меѓународните стандарди, беше истакнато на средбата на гувернерот Трајко Славески и делегацијата на Народната банка со претставниците на Одделот за статистика на Меѓународниот монетарен фонд, одржана на маргините на Годишните средби на ММФ и Светската банка што се одржаа во Бангкок. На средбата се разговараше за соработката со ММФ во повеќе области којашто придонесува за високо ниво на зајакнати статистички и аналитички капацитети на Народната банка.

Во рамки на разговорите, посебен акцент беше ставен на резултатите од големата ревизија на статистиката на платниот биланс и финансиските сметки, спроведена во текот на 2026 година. Ревизијата придонесе да се унапредат методолошката основа, како и споредливоста и аналитичката вредност на податоците. Беше нагласено дека Народната банка остварува целосна усогласеност со барањата на највисокиот статистички стандард, стандардот СДДС плус, во однос на опфатот и навременоста на податоците. Воедно, беше посветено внимание на активностите за дигитализација на статистичкото известување, особено на развојот на статистичкиот склад на податоци за надворешната статистика, кој се спроведе со финансиска поддршка од Европската Унија. Како дополнителна потврда за постојаните напори за унапредување на квалитетот на статистичките податоци и услуги, беа споделени и резултатите од спроведените анкети, кои покажуваат високо ниво на задоволство кај корисниците и известувачите, со забележително подобрување во однос на претходните резултати, особено кај квалитетот и достапноста на статистичките податоци, како и комуникацијата и поддршката што ги обезбедува Народната банка.

Во однос на идните активности, посебен акцент се става на подготовките за примена на новите меѓународни статистички стандарди – СНА 2025 (SNA 2025) и БПМ7 (BPM7), со поддршка од меѓународните институции, особено од ММФ, и преку натамошно зајакнување на институционалните капацитети и меѓуинституционалната соработка.

Народната банка останува посветена на натамошното унапредување на статистичките податоци, нивната транспарентност и навременост, како и на целосно усогласување со меѓународните и европските стандарди.

Најнови вести од: Бизнис

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

Компаниите што исплаќале плати преку „АЛТА банка“ ќе можат да ја вршат исплата

Народната банка внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и продолжува со приспособување на мерките, имајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти.

(Фото): Одржана надзорна расправа во Собранието за воведувањето на администрација во „Алта банка“

„Алта банка“ АД Битола има здрава финансиска позиција, висока ликвидност и квалитетно кредитно портфолио, со нефункционални пласмани под 3%. Воведувањето администрација не е последица на проблеми во работењето на домашната банка, туку произлегува од одземањето на дозволата за работа на нејзиниот доминантен акционер, Алта банка Белград, којашто поседуваше 95,3% од акциите. Ова беше истакнато на […]

Клиентите на „АЛТА банка“ од сега можат да користат електронско и мобилно банкарство, се отвора и експозитура во Скопје

Клиентите на Банката од денеска, 10 ноември, ќе можат да ги користат услугите на електронското и мобилното банкарство, согласно лимитот од 15.000 денари неделно за клиентите кои поседуваат платежни картички и до 20.000 денари (за две недели) за оние кои не поседуваат.

Станбен кредит со каматна стапка од 2,95% – Вашиот следен чекор кон сопствен дом со НЛБ Банка

Сопствениот дом е повеќе од адреса. Тој е омилениот простор за утринско кафе, просторот за заеднички моменти и местото во кое новите планови добиваат своја соба. За сите што се подготвуваат за овој важен животен чекор, НЛБ Банка нуди станбени кредити со каматна стапка почнувајќи од 2,95% и без нотарски трошоци за одобрување на кредитот.

To top