Бизнис

Нема енергетска криза – државата има резерви од мазут, вели министерката Божиновска

Државата има резерви од мазут, нема да има енергетска криза, децидна е министерката за енергетика, Сања Божиновска, откако беше прашана што ќе се случи по барањето на АД ЕСМ државата да прогласи енергетска криза за да може компанијата да користи околу 11 илјади тони мазут од државните резерви за потребите на термоцентралите.

Граѓаните да спијат мирно, нема енергетска криза, државата има резерви од мазут, велат од Владата. Ова следува откако Државните Електрани на Македонија побараа од Владата да прогласи кризна состојба на пазарот со струја. За утре е закажана седница на Влада на која ќе се разгледува барањето на ЕСМ, поради отежнатата набавка на енергенси како последица на блокадите на грчките земјоделци. Кризна состојба се бара за да се овозможи Владата да ги отстапи државните резерви со мазут, со цел производство на струја и топлинска енергија сè додека не се реши проблемот со Грција. Министерката за енергетика вели дека Македонија нема да има никави проблеми, што се однесува до пазарот со струја.

Државата има резерви од мазут, нема да има енергетска криза, децидна е министерката за енергетика, Сања Божиновска, на брифингот со новинарите откако беше прашана што ќе се случи по барањето на АД ЕСМ државата да прогласи енергетска криза за да може компанијата да користи околу 11 илјади тони мазут од државните резерви за потребите на термоцентралите.

  • ЕСМ поднесе писмо до Владата и барањето за прогласување кризна состојба ќе се разгледува на владина седница. На Влада ќе дискутираме и јавноста ќе биде информирана. Нема да има никаква криза, за граѓаните тоа нема да значи ништо, бидејќи државата има резерви од мазут. Знаете дека има протести на границата со Грција повеќе 30 дена и поради тоа не може да се набави мазут. Затоа државните резерви ќе го снабдат ЕСМ со мазут. Нема да има никакво влијание на снабдувањето. Постои мазут во државата, ако не го земат од Грција, ќе го земат од резервите – истакна Божиновска.

Министерката очекува до крајот на неделава МЕПСО да го финализира изборот на фирмата што ќе го прави далноводот со Албанија и да го потпише договорот.

  • До крајот на неделата ќе биде потпишан договорот. МЕПСО сигурно ќе информира со повеќе детали, но колку што имам сознанија, сè е завршено, се чека само на официјален потпис – рече Божиновска.

Таа информира и дека има нов директор на „Номагас“ и очекува да се забрзаат работите за изградбата на гасниот интерконектор со Грција, а што се однесува до продолжување на гасната цевка кон Србија, Божиновска рече дека е договорено со српската страна за 23 километри од гасоводот заеднички да се настапи во барањето финансии од Светската банка.

 

Најнови вести од: Бизнис

Регионална експанзија на АЛТА Група: Со преземање на ЗОИЛ Македонија АД Битола воспоставен интегриран систем на банкарски и осигурителни услуги

Интегрираниот модел „сè на едно место“ е усогласен со европските практики и овозможува поголема ефикасност, заштеда на време и полесно донесување финансиски одлуки

Иран ги обвини САД за прекршување на договорот – цените на нафтата веднаш реагираа со пораст

Новите обвинувања од Иран повторно ја зголемија неизвесноста на пазарот, покажувајќи колку е кревка моменталната ситуација околу Ормускиот теснец – стратешкиот теснец низ кој поминува голем дел од светското снабдување со нафта.

Цената на становите порасна за 16,7% – сепак пазарот на недвижности го има последниот збор

Најактивни општини биле Центар, Аеродром и Карпош каде становите се продавале по просечна цена од 1.692, 1.558 и 1.419 евра за квадратен метар. Најскап стан лани бил продаден во Аеродром за 166.500 евра, а во оваа општина е постигната и највисока цена по квадрат – 3 784 евра за квадратен метар.

Најнови вести

To top