Бизнис

Николоски: Автопатот Охрид-Кичево ќе се заврши на време, „лажни се тврдењата за милијарда евра“

Самопрогласени ‘синдикални лидери’ шират невистини, лаги и манипулации за изградбата на автопатот Охрид–Кичево. Ќе чинел милијарда евра, никогаш немало да се заврши и слични небулози. Без ниеден факт! Нула, напиша Николоски.

Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, ги отфрли тврдењата дека изградбата на автопатот Охрид–Кичево ќе чини милијарда евра и дека нема да биде завршена, оценувајќи ги како „невистини, лаги и манипулации“.

  • „Самопрогласени ‘синдикални лидери’ шират невистини, лаги и манипулации за изградбата на автопатот Охрид–Кичево. Ќе чинел милијарда евра, никогаш немало да се заврши и слични небулози. Без ниеден факт! Нула!!!“, напиша Николоски.

Тој апелираше, како што вели, да не се „замајува народот“, нагласувајќи дека проектот ќе биде реализиран во предвидениот рок.

  • „За нивна жал, а за среќа на народот, автопатот ќе се заврши во предвидениот рок“, посочи министерот.

Во објавата, Николоски ја критикуваше претходната власт, наведувајќи дека во изминатите години не бил направен значаен напредок.

  • „Точно е дека Владата на СДСМ и ДУИ, по која очигледно жалат, камче не стави 7 години, ама точно е дека оваа Влада на Христијан Мицкоски работи деноноќно“, наведе тој.

Како аргумент за динамиката на активностите, Николоски посочи дека и во недела навечер се одржуваат состаноци поврзани со проектот.

  • „Потврда за тоа е што во моментов си заминувам од Министерството за транспорт, во недела во 21 часот. Последен состанок беше за автопатот Охрид–Кичево. Ќе го завршиме навреме и сите ќе му се радуваме“, додаде министерот. 

Најнови вести од: Бизнис

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

Компаниите што исплаќале плати преку „АЛТА банка“ ќе можат да ја вршат исплата

Народната банка внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и продолжува со приспособување на мерките, имајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти.

(Фото): Одржана надзорна расправа во Собранието за воведувањето на администрација во „Алта банка“

„Алта банка“ АД Битола има здрава финансиска позиција, висока ликвидност и квалитетно кредитно портфолио, со нефункционални пласмани под 3%. Воведувањето администрација не е последица на проблеми во работењето на домашната банка, туку произлегува од одземањето на дозволата за работа на нејзиниот доминантен акционер, Алта банка Белград, којашто поседуваше 95,3% од акциите. Ова беше истакнато на […]

To top