Бизнис

Николоски: Македонија е влезена во силен инвестициски циклус

Македонија е влезена во развој на инфраструктурата и модернизација на транспортните коридори

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска во рамки на работната посета на Виена, оствари средба со Северин Грубер, генерален секретар во федералното Министерство за економија.

На средбата на која беа потврдени добрите билатерални односи, се разговараше и за економската и трговска соработка меѓу двете земји.

Министерство за транспорт

Двајцата говорнци истакнаа дека Македонија и Австрија имаат одлична економска соработка, Австрија се вбројува како еден од најголемите инвеститори во Македонија, а во таа насока соработката се темели на доверба, пријателски односи меѓу земјите и поволните услови за инвестирање.

Вицепремиерот Николоски истакна дека Македонија е влезена во силен инвестициски циклус во развој на инфраструктурата и модернизација на транспортните коридори. Во таа насока го презентираше проектот за брза пруга на коридот 10, економските и транспортни бенефти од реализација на овој проект за регионот и Југоисточна Европа.

Вклученоста на Австрија во овој регионален проект ќе ги поттике економските перспективи на регинот, потенцира вицепремиерот Николоски и додаде дека истиот ќе придонесе за стабилизација, брз и сигурен транспорт на добра и патници.

На средбата се разговараше и за реализација на заеднички инвестиции во гасоводната мрежа, економските политики на владите, а разменија и мислења во однос на актуелните политички случувања и нивното влијание врз регионот.

Најнови вести од: Бизнис

Регионална експанзија на АЛТА Група: Со преземање на ЗОИЛ Македонија АД Битола воспоставен интегриран систем на банкарски и осигурителни услуги

Интегрираниот модел „сè на едно место“ е усогласен со европските практики и овозможува поголема ефикасност, заштеда на време и полесно донесување финансиски одлуки

Иран ги обвини САД за прекршување на договорот – цените на нафтата веднаш реагираа со пораст

Новите обвинувања од Иран повторно ја зголемија неизвесноста на пазарот, покажувајќи колку е кревка моменталната ситуација околу Ормускиот теснец – стратешкиот теснец низ кој поминува голем дел од светското снабдување со нафта.

Цената на становите порасна за 16,7% – сепак пазарот на недвижности го има последниот збор

Најактивни општини биле Центар, Аеродром и Карпош каде становите се продавале по просечна цена од 1.692, 1.558 и 1.419 евра за квадратен метар. Најскап стан лани бил продаден во Аеродром за 166.500 евра, а во оваа општина е постигната и највисока цена по квадрат – 3 784 евра за квадратен метар.

To top