Бизнис

Новите инвестиции доказ дека Македонија е сè поатрактивна за вложување на капитал

ВМРО-ДПМНЕ посочува дека новите ифабрики и странски инвестиции се потврда дека со политките на Владата Македонија станува сè поатрактивна за инвестирање. „Брејнчајлд“ и „Магна Мехатроникс“ веќе почнаа со работа, а „Амфенол“ и „Гемтерм“ најавуваат нови вработувања, се наведува во соопштенето заедно со бројки за вредноста на инвестициите и новите работни места.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со реализација на политики кои создаваат услови за нови инвестиции, развој на производството и отворање добро платени работни места. Резултатите од економските политики на владата на ВМРО-ДПМНЕ веќе се видливи преку новите фабрики кои започнуваат со работа, но и преку компаниите кои веќе се присутни во земјава и ги прошируваат своите производствени капацитети, се наведува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Фабриката ‘Брејнчајлд’ произведува опрема за спортови на вода и ветер започна со работа во Битола, обезбедува околу 230 работни места и претставува инвестиција вредна околу 11 милиони евра. Во ТИРЗ Штип започна со работа и ‘Магна Мехатроникс’, инвестиција од околу 40 милиони евра. По достигнувањето на полниот производствен капацитет, компанијата се очекува да обезбеди над 600 работни места, што претставува дополнителна потврда дека Македонија привлекува технолошки напредни инвестиции со висока додадена вредност.

Паралелно со новите инвестиции, значително растат и компаниите кои веќе работат во Македонија.

КОСТАЛ Македонија од почетните приходи од околу 80 милиони евра стигна до рекордни, очекувани за 2026 година, 280 милиони евра, минатата година реализираше дополнителни 200 вработувања и денес има повеќе од 1.340 вработени.

Растот продолжува и кај ‘Амфенол’, која веќе има околу 3.200 вработени, а планира дополнителни 500 нови вработувања во две фази, по што бројот на вработени би достигнал околу 3.700.

Дополнителен инвестициски циклус најавува и ‘Гемтерм’, глобален лидер во автомобилската индустрија. По постоечката инвестиција во Прилеп, компанијата планира ново вложување од повеќе од 30 милиони евра и до 300 нови работни места.

Додека пак, во 2024 година Македонија оствари историски рекордно ниво на странски директни инвестиции од милијарда и 255 милиони евра.

Истовремено Владата продолжува да го поддржува и домашниот бизнис, така што за нови инвестиции, проширување на производството и отворање работни места стави на располагање повеќе од 250 милиони евра преку кредитната линија со унгарската Експорт банка.

Овие инвестиции се конкретен показател дека Македонија станува сè поатрактивна за инвеститорите, но и дека компаниите кои веќе работат во земјава имаат доверба во економскиот амбиент и се одлучуваат да ги зголемат своите капацитети.

Целта на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е јасна, во Македонија да има повеќе успешни компании, повеќе инвестиции, повеќе добро платени работни места, поголем извоз и повисок животен стандард за граѓаните“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Бизнис

ЕУ повика Македонија да се усогласи со политиките за критични суровини

Македонија сè уште треба да се усогласи со Директивата за критични суровини, како и да изготви и усвои соодветна легислатива за да се интегрира во синџирот на вредности на ЕУ за критични суровини, пишува во последниот Извештај на Европската комисија посветен на земјава.

Македонија се подготвува за енергетска транзиција: Регулативата е веќе дефинирана, а ЕВН досега инвестираше 850 милиони евра

Во земјава дел од корисниците веќе имаат паметни броила, а во нивно инсталирање компанијата инвестирала 45 милиони евра, како и дополнителни 28,3 милиони евра во опрема. Планирано е до крајот на 2030 година во проекти од ваков тип да се инвестираат уште 40 милиони евра.

Европската комисија ги потврдува отпорноста на банкарскиот сектор и јакнењето на финансиската стабилност

Во Извештајот за нашата земја за 2026 година Европската комисија го оценува банкарскиот сектор како отпорен, со солидна капитализираност, квалитет на кредитното портфолио и профитабилност. Воедно, се нотираат активностите на Народната банка за зајакнување на финансиската стабилност и усогласување со европските стандарди.

Златен медал за „Kumova Reserve“ на „Spirits Selection by CMB“ – традицијата и врвниот квалитет на „Тиквеш“ со меѓународно признание

Винарската визба „Тиквеш“ продолжува да го потврдува квалитетот на своето портфолио со ново значајно меѓународно признание. Лозовата ракија „Kumova Reserve“ освои златен медал на престижниот „Spirits Selection by Concours Mondial de Bruxelles“, натпревар кој секоја година обединува врвни производители и експерти од светот на жестоките пијалаци.

Инфлацијата повторно ја тресе Европа, во повеќе држави цените пораснале над 5%

Додека Европа повторно се соочува со забрзување на инфлацијата, а во шест земји од еврозоната годишното поскапување достигнува или надминува пет проценти, македонската статистика на прв поглед дава сосема поинаква слика – инфлација од нула проценти. Но дали тоа значи дека цените во Македонија престанале да растат или дека зад една статистичка бројка се крие многу посложена економска реалност?

Нешто посебно, нешто вкусно: Нови медитерански вкусови во Веро

Веро продолжува да го развива својот асортиман со производи кои внесуваат нови вкусови во секојдневната исхрана и им овозможуваат на потрошувачите да пробаат нешто поинакво од она што вообичаено се наоѓа на домашниот пазар.

To top