Бизнис

Ново поскапување на цигарите – нека му ја мислат пушачите

Лоша вест за пушачите. Од сега, цените на цигарите се зголемени за 10 денари, што значи дека лицата кои пушат по едно пакување на ден, ќе плаќаат околу 300 денари повеќе месечно.

Од сега пушачите во Македонија ќе плаќаат повеќе за цигарите, откако цената на сите брендови е зголемена за 10 денари по пакување. Поскапувањето доаѓа како дел од редовното усогласување со акцизната политика, со која државата постепено ја зголемува акцизата на тутунските производи.

Новите цени веќе важат во трафиките и маркетите низ целата држава. Така, ако до вчера најпопуларните брендови се продаваа по цена од 120 денари, сега ќе чинат 130 денари, додека поскапите брендови достигнаа и до 170 денари за едно пакување.

Според Министерството за финансии, акцизниот календар предвидува годишно усогласување до 2027 година, со цел постепено зголемување на приходите во буџетот, но и намалување на бројот на пушачи.

Трговците велат дека по секое поскапување се забележува краткорочен пад во продажбата, но навиките брзо се враќаат. Од друга страна, дел од пушачите коментираат дека со оваа нова цена ќе размислат дали да го намалат или целосно да го остават пушењето.

Најнови вести од: Бизнис

Народната банка ги одбележува Светскиот ден на штедењето и Деновите на финансиската писменост

Народната банка веќе четиринаесетта година го одбележува Светскиот ден на штедењето. Деновите на финансиската писменост се одржуваат по десетти пат и се во организација на финансиските регулаторни институции  ̶  Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за надзор на пазарот на капитал, Агенцијата за супервизија на капитално пензиско осигурување ‒ МАПАС и Агенцијата за супервизија на осигурувањето, во соработка со приватниот финансиски сектор и граѓанските здруженија.

Можно ли е во Македонија да се работи четири дена во неделата?!

Просечната потрошувачка кошница во септември изнесувала 58.117 денари, што е за 358 денари или 0,6 проценти помалку во однос на август, но за 1.736 денари, односно 3,1 процент повеќе во споредба со јануари годинава. Ова беше истакнато на седницата на Економско-социјалниот совет, на која социјалните партнери дискутираа и за неработните денови, работата во недела, можноста за воведување четиридневна работна недела и регулирањето на пензискиот стаж.

Алармантна е состојбата со безбедносниот систем во ПИОМ – Андоновски рече дека експерти работат на негова заштита

Државниот завод за ревизија веќе има дадено конкретни препораки до Фондот за пензиското и инвалидското осигурување за тоа како да ги надмине утврдените недостатоци.

Најнови вести

To top