Бизнис

Пад на каматите на кредитите – просечната стапка во јули е 4,91%

Последните податоци на Народна банка покажуваат годишен пад на просечната камата на кредитите за 0,55% и раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,28 п.п. Просечната каматна стапка на депозитите сега изнесува 2,21%, а на кредитите 4,91%.

Убава вест за граѓаните кои живат на кредит. Просечната каматна стапка на вкупните кредити, во јули годинава бележи месечно и годишно намалување од 0,12 п.п. (процентни поени) односно 0,55 п.п., и изнесува 4,91 проценти. Кај вкупните депозити, пак, во јули е регистрирана просечна каматна стапка од 2,21 процент со месечен и годишен раст од 0,01 п.п. односно 0,28 п.п., објави денеска Државниот завод за статистика.

Во јули, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити изнесува 4,42 проценти и е непроменета во однос на претходниот месец, додека на годишна основа е намалена за 0,70 п.п. Просечната каматна стапка на новопримените депозити е непроменета на месечна основа и изнесува 2,35 процент, при годишен пад од 0,41 п.п.

Просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор, во јули 2025 година е намалена за 0,08 п.п на месечно ниво и изнесува 4,54 проценти. Надолната промена произлегува од падот на сите компоненти и тоа: каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,20 п.п.), каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,13 п.п.) и каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,05 п.п.). Споредено со јули минатата година, просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор е пониска за 0,69 п.п.

Во јули, каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор изнесува 4,22 проценти и оствари месечен пад од 0,06 п.п. Надолната промена се должи на падот кај сите компоненти и тоа: каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,50 п.п.) и намалените каматни стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,02 п.п., соодветно). Анализирано на годишно ниво, оваа каматна стапка е намалена за 0,74 п.п.

Во јули, просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор забележа месечно зголемување од 0,10 п.п. и изнесува 2,66 проценти. Притоа, растот во целост е резултат на повисоките каматни стапки на депозитите во странска валута (за 0,38 п.п.), додека каматните стапки на денарските депозити без и со валутна клаузула се непроменети. Споредено на годишна основа, просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор е зголемена за 0,38 п.п.

Каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор изнесува 2,39 проценти и е зголемена за 0,01 п.п. на месечна основа. Нагорната промена се должи на растот на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,35 п.п.), при пад на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,15 п.п.). Овој месец, банките и штедилниците не евидентирале новопримени денарски депозити со валутна клаузула. Каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор оствари пад од 0,64 п.п. на годишна основа.

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата во јули изнесува 4,67 проценти и е намалена за 0,02 п.п. во споредба со претходниот месец. Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата е
намалена за 0,67 п.п. на годишно ниво.

Каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата во јули е непроменета на месечна основа и изнесува 2,15%. Во однос на јули минатата година, оваа каматна стапка е зголемена за 0,26 п.п.  Во јули, каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата изнесува 2,33 проценти и е непроменета во однос на јуни. На годишно ниво, каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата оствари пад од 0,35 п.п.

Најнови вести од: Бизнис

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

Компаниите што исплаќале плати преку „АЛТА банка“ ќе можат да ја вршат исплата

Народната банка внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и продолжува со приспособување на мерките, имајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти.

To top