Бизнис

По анализата на 700 производи, ќе се знае каде има превисоки маржи

Овие две години се работи на стабилизирање на цените, бидејќи „тоа не беше случај претходната година, кога имавме историски, за жал, најголема стапка на инфлација во Европа и во светот“.

Државниот пазарен инспекторат будно ги следи цените на 700 есенцијални производи што му се потребни за живот на едно просечно македонско семејство и за една недела ќе го имаме комплетниот резултат, истакна заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

  • Посетени се многу објекти и ќе знаеме која економска политика понатаму да ја примениме и како Влада и како Министерство за економија и труд. Бидејќи воениот конфликт веќе е прикрај, заврши, очекуваме цените да паѓаат и да не растат, освен ако има одредени, како да кажам, економски услови за тоа. Имаме берзански производи на кои не можеме да влијаеме, така што сметаме дека приоритет, цел на Владата до крајот на годината ќе биде да ја држи инфлацијата на едно ниско ниво. Иако имаме малку поголема инфлација поради воениот конфликт и зголемување на енергенсите, транспортните трошоци, суровините и така натаму, знаете дека инфлацијата е една од најниските во регионот. Значи, Македонија покрај најевтини енергенси, тоа го кажа и „Евростат“, има и најниска цена на основните прехранбени производи во регионот и во Европа – изјави Ристески.

Прашан колкава е трговската маржа во нашата земја, имајќи предвид оти просечната европска трговска маржа е 6 процент, Ристески со одговор дека анализите ќе кажат колку изнесува и кај нас.

  • Сега да не кажувам, она паушално да зборувам. Самите анализи ќе кажат и ќе видиме во кои групи производи има најголеми маржи и каде може да се симнат цените. Каде се оправдани, каде не се оправдани, каде има економска логика, каде нема економска логика – тоа ќе ја покаже анализата. Анализата ќе биде за брзо и ќе бидете известени – рече Ристески.

Тој додаде дека овие две години работат на стабилизирање на цените, бидејќи, како што рече, „тоа не беше случај претходната година, кога имавме историски, за жал, најголема стапка на инфлација во Европа и во светот“.

  • Имавме 19-20 проценти и така натаму, кога локалните, другите регионални економии имаа многу понизок степен на инфлација, меѓутоа сега е обратно. Македонија има еден од најниските степени на инфлација и најниски цени. Таа политика и понатаму ќе ја тераме, меѓутоа, од една страна, главен приоритет на Владата е да го штитиме животниот стандард на граѓаните, а, од друга страна, да не предизвикаме големи потреси на и онака кревката економија во Македонија, што па, од друга страна, како што се правело порано, без анализа, само од око, ставање мерки и така натаму и гол популизам, да не направиме поголем потрес кој понатаму пак ќе се одрази на животот на граѓаните на полошо – вели Ристески.

Најнови вести од: Бизнис

Инвестиции во туризмот и отварање нови авиолинии, Николовски на средба со „Корендон“

Македонија е интересна дестинација за инвестиции во туризмот и отворање нови авиолинии е заклучокот на вицепремиерот и министер за транспорт и врски Николовски по средбата со представниците на „Корендон“ една од најголемите групации во Европа. На состанокот се разговарало за можностите за нови инвестиции, развој на авиосообраќајот и унапредување на туризмот во Македонија.

Скопје станува регионален центар за европска сертификација на финансиски професионалци

АБИТ и ЕФПА Луксембург започнуваат стратешко партнерство преку кое во регионот ќе бидат достапни меѓународни програми за финансиско образование и професионална сертификација. Ова нуди посебна вредност за студентите на Хајделберг факултет Скопје.

Во Македонија не се искористува ниту приватниот капитал од инвестиција како Иловица

Во наоѓалиштето во Иловица, утврдено е дека рудникот би експлоатирал 10 милиони тони руда годишно, а просечното годишно производство е проектирано на над 10.000 тони бакар. Според количините на руда што ги поседува, проектот се предвидува да биде активен околу 23 години.

„Тинекс“ преку партнер во Косово ќе ја враќа ликвидноста на компанијата

Компанијата информираше дека менаџментот активно работи на изнаоѓање конкретни решенија за надминување на состојбата, при што, како што беше објавено, поддршка има од банките и клучните деловни партнери.

(Фото): Акции со најголем раст и пад на Македонската берза во јули

Акцијата на Аутомакедонија АД Скопје бележи најголем раст во јули, покажува билтенот на Македонската берза за тој период. Акцијата на ТТК Банка АД Скопје пак има најголем пад. Во продолжение целосно и другите акции со најголем раст и пад за јулскиот период.

To top