Бизнис

Пратениците не изгласаа минималец од 600 евра, ќе се чека усогласување во март

Пратениците не изгласаа минимална плата од 600 евра. Не поминаа на пленарна седница во Собранието законските измени кои ги предложи СДСМ, со кои минималната плата од март требаше да порасне на 36.960 денари. Гласаа вкупно 82 пратеници, 63 беа „за“ да се прифати заклучокот на матичната комисија дека предлогот не е прифатлив, 19 беа против, немаше воздржани.

Минималната плата не дозволува или не обезбедува достоинствен живот, туку претставува обично преживување на нашите граѓани. Денес, кога цените растат и кога инфлацијата го јаде семејниот буџет, минималната плата мора да расте. Затоа ние, како пратеничка група, бараме зголемување на овој износ на минимална плата на 600 евра, затоа што сегашниот не обезбедува достоинствен живот на нашите граѓани, рече пратеникот на СДСМ, Јован Митрески на денешната собраниска седница.

Расправата помина во жестоки меѓусебни обвинувања. Од аргументи и бројки, до фалење кој повеќе направил и прави за граѓаните, па и до обвинувања кој има интерес само за тендери. За опозицијата минимална плата од 600 евра е нужна потреба бидејќи трошоците за живот енормно пораснале.

Тој посочи дека ова барање не е ниту симболично, ниту предизборно, туку е решение, систематско и оправдано, затоа што работникот не смее да биде најслабата алка во економијата.

  • „Кога наследивме власт во 2017 година, пет минимални плати беа потребни за да се пополни една синдикална потрошувачка кошница. Во 2024, таа бројка падна на 2,2 минимални плати. Денес, после две години владеење на оваа гарнитура, дојдовме до ситуација 3, 4 минимални плати да бидат потребни за една минимална кошничка, затоа што цените растат со голема брзина. Појдете во кој било маркет: брашното, на пример, во 2017 или 2018 беше 42-45 денари по килограм, денес 55 денари. Намалуваат пакувањата,  не е веќе ни од 1 кг, туку 800 гр. Маслото,  од 62-76 денари во 2024, сега за две години 95. Млекото,  од 48 денари во 2020, на 74 во 2024, денес 72, 76, 85 во зависност од производителот,“ објасни Митрески.

Тој посчи дека дека денес зборуваме за основни производи на нашите граѓани. Зборуваме дека платата која ја бараат да биде 600 евра е за да обезбеди основна егзистенција, основно преживување, а не луксузирање.

  • Но, ние зборуваме и за ВМРО, кое кога нема аргументи повикува на кредибилтет. ДПМНЕ, кое за година и пол, за една фирма има 161 тентар, 51 тендер за друга, 74 за трета, девет милиони евра на фирма со двајца вработени. Па, нормално дека не им е гајле ниту за работниците, ниту за нивната минимална плата. Ако не сакаат да зборуваме со аргументи, може да зборуваме и вака: вас само интересот ви е за тендери, не за работниците и за нивната плата, рече Митрески.

Тој појасни дека еден од факторите за зголемување на продуктивноста и мотивираноста на работниците е зголемување на нивната плата на 600 евра. Наместо да се запрашаме што се случува и што треба да правиме за нашите работници, денес валста измислуваат ПР-финти за да се затвори прашањето. Ова не е тема за јавноста, ниту е ПР-прашање и не може да се реши со пропаганда.

Рокот пак кој го остави Сојузот на синдикатите на Македонија на Владата и работодавачите за зголемувањето на минималната плата на 600 евра е до крајот на февруари.Во спротивно за март најавуваат уште еден протест, но и Генерален штрајк во јавниот и приватниот сектор.

Најнови вести од: Бизнис

Цената на нафтата надмина 100 долари за барел

Новите случувања дополнително ги засилија стравувањата за безбедноста на Ормускиот теснец, преку кој се транспортира околу една петтина од светската потрошувачка на нафта, што дополнително ги поттикна цените на светските пазари.

Ристески пред средбата со трговците и дистрибутерите: Нема да толерираме профитирање на грбот на граѓаните

Заменик-министерот за економија и труд информира дека на средбата со производителите, трговците и дистрибутерите, меѓу другото, ќе бидат презентирани анализите на ДПИ во однос на движењето на цените на основните прехранбени производи. Во овој контекст, повтори тој, нема да се толерира некоректно однесување.

Синдикалната минимална кошница за јуни тежи 68.654 денари

Вредноста на синдикалната минимална кошница за јуни 2026 година изнесува 68.654 денари, што е намалување за 88 денари во споредба со мај, кога за покривање на основните месечни трошоци на едно домаќинство биле потребни 68.742 денари.

To top