Бизнис

Препукувања во М-НАВ: Кој е во право за штрајкот на 20-ти октомври?!

Претседателот на ССКЛ, Александар Тасевски, изјави дека Синдикатот има целосно право да организира штрајк, добиено со овластување од гранковиот синдикат, а целата постапка е спроведена регуларно, за што рече дека постои и соодветна документација.

Управниот одбор на М-НАВ со право констатирал дека организирањето на штрајк и обидот за негово спроведување претставува лична одмазда и лична вендета од Александар Тасевски, претседател на Независниот синдикат и на подружницата ССКЛ, изјави денеска правниот застапник на М-НАВ, Горан Николоски. За тврдењето дека штрајкот на синдикатот што бил забранет е продолжение на најавениот штрајк од 2023 година, Николоски со став дека штрајкот од 2023година е завршен и прекинат со Спогодба. Според него дури и да станувало збор за реактивирање на штрајкот, во известувањето морало да се наведе од која спогодба е истото и што не е исполнето.

Тој ги оцени како паушални тврдењата на правниот застапник на М-НАВ, Горан Николоски, кој претходно денеска изјави дека судот правилно утврдил оти ССКЛ нема легитимитет и дека известувањето за штрајк не содржи барање за заштита на права од работен однос.

Прашан дали ако повторно одат на штрајк во следното известување ќе бидат наведени барањата за заштита од работен однос и постапката за помирување, Тасевски рече дека Синдикатот не може да започне нова постапка за помирување и заштита на права бидејќи веќе има констатирана постапка од помирувач од Министерството за труд и социјална политика.

Како аргумент, тој го наведе извештајот од Трудовиот инспекторат по упадот во М-НАВ во јануари 2024 година, кога Инспекторатот извршил увид и констатирал дека постапката е целосно запазена и оти нема никакви правни пречки. 

Во однос на обвинувањата за лични интереси и за тоа дека во известувањето за штрајк недостасуваат барањата, Тасевски посочи дека штрајкот е најавен поради неисполнување на Спогодбата потпишана во 2023 година, која претходно го стави штрајкот во мирување.

Од вкупно девет точки, само три се реализирани, додека шест не се, вели претседателот на Синдикатот. Во известувањето за последниот најавен штрајк јасно било наведено барањето за спроведување на сите преостанати точки од Спогодбата. Клучни барања, како што велат од ССКЛ, се ангажирање консултантска фирма за функционална анализа на претпријатието, вработување на стручни, а не партиски кадри, подобри услови за работа. ССКЛ минатата недела најави дека ќе ја обжали одлуката на Граѓанскиот суд за времена мерка и ќе побара предметот да биде вратен на рочиште за да ја изложи својата одбрана.

Горан Николоски, овластен застапник на М-НАВ А.Д. рече дека наводите во решението на Граѓанскиот суд за забрана на штрајкот што на 20. месецов го најави Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ) се апсолутно вистинити и законски основани. Решението е донесено од искусен судија кој има оставено белег во судот, рече Николоски. Барањето за забрана на штрајк, како што посочи тој, се однесува за точно најавен штрајк, со точно определени датуми и планови и програми за дејствување.

Најнови вести од: Бизнис

Многу македонски компании ќе учествуваат на најголемата саемска манифестација во светот – Експо 2027

EXPO 2027 одржи од 15 мај до 15 август, темата на големата светска изложба е „Игра за човештвото: Спорт и музика за сите“ и ќе обедини учесници од повеќе од 140 земји од светот

Гувернерот Славески со македонскиот тим од Меѓународната економска олимпијада

Народната банка, како дел соработката со Сојузот на математичари, четврта година по ред учествува во подготовките на македонските средношколци за учество на Меѓународната економска олимпијада, преку стручни и едукативни активности од областа на економијата, финансиите и банкарството.

„Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевтски настан CPHI

Продолжува традиционалното присуство на „Алкалоид“ на една од водечките глобални платформи во фармацевтската индустрија, со фокус на продлабочување на меѓународните партнерства, следење на најновите индустриски трендови и отворање нови можности за развој.

Анализа: Инфлација 2,7% за септември – за една година храната поскапа за 1,7 проценти

Во септември во однос на август нема никаква инфлација, односно трошоците за живот останале непроменети, објави Државниот завод за статистика. Иако ова е позитивна вест, на годишно ниво сè е поскапо од ланскиот септември. Годишната инфлација изнесува 2,7 проценти.

Една година во СЕПА: Над 5 милиони евра заштеди за граѓаните и фирмите

Народната банка останува посветена на натамошна модернизација и приближување на домашниот финансиски систем до европските стандарди и унапредување на платежната инфраструктура што ќе ја зголеми ефикасноста и ќе обезбеди современи, брзи и достапни плаќања за граѓаните и бизнисите.

To top