Бизнис

Првите 11 километри од автопатот Прилеп-Битола ќе се готови до крајот на 2026, рече Николоски

Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива одлично. Задоволен сум од изведбата. Очекуваме кон крајот на 2026 година да ги имаме функционални првите 11 километри, а целиот автопатод 40 километри да биде готов кон крајот на 2027, вели Николоски.

Првите 11 километри од автопатот Прилеп-Битола ќе бидат готови до крајот на наредната година, а целиот автопат од Коридорот 10 во должина од 40 километри треба да биде готов до крајот на 2027 и почетокот на 2028 година, изјави вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски во Прилеп.

  • Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива одлично. Задоволен сум од изведбата. Очекуваме кон крајот на 2026 година да ги имаме функционални првите 11 километри, а целиот автопатод 40 километри да биде готов кон крајот на 2027 година или во почетокот на 2028 година, зависно од временските услови. Автопатот, секако, се надоврзува на експресниот пат Градско- Дреново-Фариш, а ќе работиме на автопатско поврзување од Фариш до Прилеп, изјави Николоски.

Николоски присуствуваше на промоцијата на кандидатот за градоначалник на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Како што изјави, задоволен е како се одвива изградбата на автопатот. Најави дека со автопатско решение ќе биде поврзана и делницата од Фариш до Прилеп.

Изведувач на автопатот е фирмата „Бехтел и Енка“.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Позитивни економски сигнали од Светска банка – Македонија бележи највисок економски раст во регионот

За Македонија, ова претставува важна оценка за досегашните економски движења, но и јасна насока за политиките кои треба да продолжат во наредниот период – рече Митева.

Македонија произвела дури 97% од потребите за струја, но домаќинствата потрошиле 23% повеќе од лани

Во август домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на електрична енергија. Производството од хидроцентралите е повеќе од двојно зголемено во споредба со истиот месец лани, а потрошувачката на природен гас е намалена за 13 проценти.

Монтеко започнува нова традиција со признанието „Вински витез“

Пет добитници ќе бидат одликувани за својот особен придонес, а секое признание ќе ја симболизира благодарноста на винаријата за нивната соработка и поддршка. Имињата на добитниците ќе бидат запишани во Витешката книга на „Монтеко“, со што нивните заслуги ќе останат траен дел од историјата што ја создава винаријата.

АЛКАЛОИД“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026

Меѓународната сертификација претставува потврда за континуираното вложување во знаењето и професионалниот развој на вработените, како и за стратешката определба на компанијата за унапредување на корпоративните практики и за создавање квалитетна и поттикнувачка работна средина

To top