Бизнис

„Реплек“ ги јакне меѓународните партнерства и потенцијалот за раст на извозот

Петта година по ред „Реплек“ е дел од учесниците и изложувачите на еден од најзначајните светски саеми за фармација – CPHI, кој годинава, од 6 до 8 октомври, се одржува во Милано, со присуство на над 62.000 учесници и 2.900 компании од 166 земји.

Компанијата го користи учеството на CPHI за продлабочување на деловната соработка и проширување на партнерствата, како и за претставување на потенцијалите на „Реплек“ пред партнери од различни пазари, со што треба да се создадат нови можности за зголемување на извозот. Проширувањето на меѓународната позиција е дел од стратегијата за долгорочен развој на компанијата.

На годинешниот CPHI Milan 2026, тимот на Реплек остварува средби со постојни и потенцијални партнери од различни пазари, на кои ги претставува производствените капацитети, фармацевтското портфолио и можностите за соработка.

  • „Нашето петто учество на CPHI покажува дека Реплек континуирано и долгорочно ја гради својата позиција на меѓународниот фармацевтски пазар. За нас, CPHI е место каде што отвораме нови можности за соработка и раст. Имаме јасна амбиција да бидеме присутни на повеќе пазари и преку квалитет, знаење и континуирани инвестиции да ја зголемуваме конкурентноста на Реплек и да создаваме долгорочни можности за производите развиени и произведени во Македонија“, изјави Душан Пецовски, генерален директор на „Реплек“.

Континуитетот на меѓународните настапи на „Реплек“ се надоврзува на објавениот извештај за продажните резултати на компанијата за деветте месеци од 2026, во кој вкупните приходи од продажба во сегментот Фармација достигнаа 21,9 милиони евра и каде домашниот пазар и сопствените претставништва на странските пазари се издвојуваат како делови со особен придонес во реализацијата.

Имено, во периодот јануари – септември 2026, продажбата во земјава достигна 7,2 милиони евра, што претставува раст од 14% во однос на истиот период од 2025-та. Овие резултати ја потврдуваат довербата што пациентите, здравствените работници и деловните партнери ја имаат во производите на „Реплек“, позитивниот прием на новите производи лансирани во текот на минатата година, како и успешната реализација на комерцијалната стратегија на домашниот пазар. Истовремено, раст бележат и продажбите на пазарите со сопствени претставништва, кои достигнаа 1,3 милиони евра што претставува раст од 56% во однос на истиот период минатата година.

Директното присуство на „Реплек“ со свои претставништва на клучните пазари во странство овозможува поблиско следење на потребите на овие пазари и поактивно управување со комерцијалните активности. Вкупниот извоз во првите девет месеци изнесува 14,7 милиони евра. Пониската извозна реализација во однос на истиот период лани е поврзана со поместување на договорените испораки кај дел од партнерската мрежа, во услови на променлива меѓународна пазарна динамика. Во третиот квартал е забележано постепено стабилизирање на динамиката на извозните продажби. Договорните обврски остануваат во сила, а компанијата е фокусирана на нивната реализација, со претпазливи очекувања за темпото на испораките.

Паралелно со активностите за развој на пазарите, „Реплек“ планира лансирање на четири нови производи до крајот на 2026-та и продолжува со инвестицијата во новиот погон за полуцврсти и течни фармацевтски форми. Неговото ставање во употреба се очекува во втората половина од 2027, со што ќе се зголемат производствените капацитети и ќе се создадат дополнителни можности за проширување на портфолиото. Овие вложувања, заедно со развојот на партнерствата и сопствените претставништва, се насочени кон поголема отпорност на промените на одделните пазари, долгорочен одржлив раст и создавање дополнителна вредност за своите акционери, вработени, партнери и пациенти.

Најнови вести од: Бизнис

Една година во СЕПА: Над 5 милиони евра заштеди за граѓаните и фирмите

Народната банка останува посветена на натамошна модернизација и приближување на домашниот финансиски систем до европските стандарди и унапредување на платежната инфраструктура што ќе ја зголеми ефикасноста и ќе обезбеди современи, брзи и достапни плаќања за граѓаните и бизнисите.

Извозот пораснал за 8,7% – Со кои држави најмногу тргува Македонија?!

Во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта и други катализатори на носачи.

Цената на гасот во Европа скокна за дури 171%

Првиот регулатор вели дека со почнување на грејната сезона и во земјава доколку не се смири пазарот, снабдувачот со парно топлинска енергија ќе почне да ги чувствува промените на цената на гасот и ќе побараат интервенција во калкулациите за цената на парното.

„Тинекс“ и официјално има нов газда – Лиридон Бериша од Косово е нов директор

Во 2025 година приходите на „Тинекс“ се намалија на 5,31 милијарди денари, односно за околу 16,5 отсто во однос на 2024 година. Приходите само од продажба на производи паднаа за околу 16,5 отсто. Во исто време, беше прикажана годишна нето-загуба од 217 милиони денари.

„Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија

Кредитниот рејтинг на Македонија „Стандард и Пурс“ го оценува двапати годишно. Рејтингот претставува важен индикатор за инвеститорите и меѓународните финансиски пазари при оценката на кредитниот ризик на една земја.

Како да се ограничи употребата на млеко во прав и палмино масло во млечните производи?!

Стопанската комора со години укажува на проблемите во млекопроизводството, потребата од контрола на квалитетот на домашните и увозните млечни производи и потребата од усогласување на правилата со европските стандарди.

Се намалува делот од платата за плаќање рати – Народна банка со построги правила за кредитите

Од 1 декември се намалува максималниот рок за отплата на станбените кредити од 30 на 25 години, а на хипотекарните потрошувачки кредити од 20 на 15 години, соопшти Народна банка откако ги усвои измените на правилата за кредитирање.

To top