Бизнис

„Реплек“ со раст на приходите од 18 % во првите девет месеци од годинава и со нова потврда за високите производни стандарди

Првите девет месеци од годинава „Реплек“ ги заврши со силен раст на приходите во сегментот Фармација

Првите девет месеци од годинава „Реплек“ ги заврши со силен раст на приходите во сегментот Фармација од 18 % во однос на истиот период од минатата година. Компанијата континуирано инвестира во модернизација, дигитализација и проширување на пазарите, а во изминатиов период високите производни стандарди беа потврдени и со добивање на два EAEU GMP сертификати кои креираат дополнителни можности за проширување на пласманот на производите на 183- милионскиот пазар на Евроазиската економска унија.

Приходите на „Реплек“ остварени во периодот од 1 јануари заклучно со 30 септември годинава изнесуваат 26 милиони евра, што е раст од 18 % во однос на истиот период лани, потврдувајќи ја одржливоста на деловниот модел на компанијата. Од продажбата на домашниот пазар „Реплек“ реализираше приходи од 6,25 милиони евра, додека од странските пазари се остварени 19,74 милиони евра. Ваквата структура на приходи од 75 % остварени од извоз и 25 % реализирани на домашниот пазар, говори дека компанијата останува доследна на стратегијата на балансирана географска распределба.

„Овие резултати се јасен показател дека нашата стратегија за одржлив раст, иновации и силно присуство на странските пазари дава резултати. Нашата компанија континуирано вложува во иновации, дигитализација, лансирање нови производи и проширување на пласманите, со цел да обезбеди повисок квалитет, поголема ефикасност и уште поголема сигурност и доверба од нашите деловни партнери, како и од пациентите. Со воведувањето нови технолошки решенија и со проширувањето на производствените капацитети го зајакнуваме нашето позиционирање како силна фармацевтска компанија која ги следи највисоките стандарди на усогласеност и квалитет. Реплек останува посветен на долгорочен развој што создава вредност, како за акционерите и вработените, така и за националната економија“, изјави Душан Пецовски, генерален директор на „Реплек“.

Стратешки инвестиции и трансформација Вложувањата во модернизација, дигитализација и во проширување на пазарите се стратешки проекти кои ја зајакнуваат стабилноста и конкурентската предност. Една од тие инвестиции е преминувањето на SAP S/4HANA, од 1 октомври годинава, што обезбедува поголема транспарентност, усогласеност и конкурентска предност, како и неодамнешното пуштање во употреба на новата високо-технолошка линија за серијализација и пакување.

Исто така, „Реплек“ на почетокот на годинава отвори претставништва во Босна и Херцеговина и во Србија, а овие два пазари веќе го потврдија својот потенцијал и успешно ги реализираа своите први продажби. Ново меѓународно признание – успешно издадени EAEU GMP сертификати

Минатиот месец „Реплек“ доби уште едно значајно двојно меѓународно признание, односно беа успешно издадени два EAEU GMP сертификати. Тие се резултат на инспекции кои потврдуваат дека производствените процеси и системот за квалитет на „Реплек“ се целосно усогласени со принципите на добра производна пракса регулирани за Евроазиската економска унија. Овие сертификати не се само административен документ, туку и сведоштво за високите стандарди што се применуваат во секоја фаза од работењето и постојаното подобрување на квалитетот на секој чекор, од развојот и производството, до финалната дистрибуција.

Ваквите сертификати се всушност единствен сет на правила за фармацевтските производители во земјите членки на Евроазиската економска унија, кои гарантираат дека лековите се произведуваат според највисоки стандарди за квалитет. Тие креираат дополнителни можности за пласман на производите на Реплек на 183-милионскиот пазар на Евроазиската економска унија, а истовремено се потврда на мисијата на „Реплек“ да обезбеди безбедни, квалитетни и ефикасни лекови, достапни за пациентите на глобално ниво.

Најнови вести од: Бизнис

Тропа ли на врата нова криза и инфлаторен шок?! Надлежните се „крстат“ дека војната брзо ќе заврши

Во услови на криза, Министерството за финансии може да ја намали акцизата за горивата до 4 денари или ДДВ-то за увоз на енергенси од 18 на 10 отсто. Министерката за финансии вели прерано е било што да се прогнозира, но ако конфликтот потрае, со ребалансот на Буџетот ќе има и корекции во проекциите, како за растот на БДП така и инфлацијата за годинава.

Како конфликтот со Иран ќе влијае врз автомобилската индустрија?!

Нападите на САД и Израел врз Иран предизвикаа нагло зголемување на цените на нафтата, а аналитичарите предупредуваат дека долготрајната нестабилност на Средниот Исток може да изврши дополнителен притисок врз снабдувањето и да ги зголеми трошоците на производителите и на купувачите.

(Видео): Пак сме меѓу најдобрите – растот на БДП во 2025 година е 3,5%, рече Димитриеска-Кочоска

Државниот завод за статистика излезе со податоци за раст на БДП во последниот квартал од 2025 година и тој изнесува 3,8 проценти. Со овој податок се комплетира сликата за цела 2025 година. Стапката на раст на БДП во 2025 година во однос на 2024 година е 3,5 проценти. Министерката рече дека следи период на неизвесност и дека сега е рано било што да се каже, но дека може да се интервенира законски, како и со мерки на Влада и на Народната банка.

Место за паника нема, преку различни мерки ќе се регулира цената на енергенсите, вели Ристески

Во вакви ситуации, укажува дека поранливи се секако покревките економии како што е нашата и вели дека Министерството за економија и труд, и покрај конфликтот со Иран, прави максимални напори цените во маркетите и на пазарите да останат стабилни, посебно на основните производи за живот на граѓаните.

To top