Бизнис

Рударството под лупа – раскинати 45 концесии поради злоупотреби и непочитување на обврските

Од јануари до 1 октомври 2025 година, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини раскинало вкупно 46 концесии во рударството. Од нив, 35 се еднострано раскинати од државата, додека на 11 им се истечени договорите и не им се продолжени.

Министерката за енергетика, Сања Божиновска, објави дека над 45 концесиски договори во рударскиот сектор се веќе раскинати — 34 од нив еднострано, а 11 договори не биле продолжени по истекот. Таа посочи дека причините за овие раскинувања се сериозни: нарушување на законските обврски и еколошки стандарди, неплаќање концесиски надоместоци, пренесување на договори без одобрение и експлоатација надвор од дозволените граници.

Од почетокот на годината па до 1 октомври се спроведени 170 вонредни и 78 редовни инспекциски надзори, нагласи министерката, додавајќи дека ќе се воведат и многу построги критериуми за издавање и следење на нови концесии.

  • „Сите концесии ќе бидат јавно објавени“, рече Божиновска, наведувајќи дека транспарентноста и отчетноста ќе бидат основа на новата политика.

Таа исто така откри дека Државниот инспекторат за енергетика и рударство работи со околу 14 инспектори, но недостасуваат уште толку за ефективен надзор. Со овие потези, Владата покажа дека нема да толерира нарушување во рударскиот сектор – приоритет ќе бидат законитост, заштита на животната средина и одговорно користење на природните ресурси.

Шест судски предмети против државата, два одбиени

Министерката Божиновска кажа и дека државата наследила многу судски спорови кои се воделе против неа. Од вкупно 6 судски предмети во вредност од 421,8 милиони денари, две тужби во вредност од 315 милиони денари се одбиени, со што вкупната вредност на предметите против Министерството намалена од 421,8 на 106,8 милиони денари.

Најнови вести од: Бизнис

Регионална експанзија на АЛТА Група: Со преземање на ЗОИЛ Македонија АД Битола воспоставен интегриран систем на банкарски и осигурителни услуги

Интегрираниот модел „сè на едно место“ е усогласен со европските практики и овозможува поголема ефикасност, заштеда на време и полесно донесување финансиски одлуки

Иран ги обвини САД за прекршување на договорот – цените на нафтата веднаш реагираа со пораст

Новите обвинувања од Иран повторно ја зголемија неизвесноста на пазарот, покажувајќи колку е кревка моменталната ситуација околу Ормускиот теснец – стратешкиот теснец низ кој поминува голем дел од светското снабдување со нафта.

Цената на становите порасна за 16,7% – сепак пазарот на недвижности го има последниот збор

Најактивни општини биле Центар, Аеродром и Карпош каде становите се продавале по просечна цена од 1.692, 1.558 и 1.419 евра за квадратен метар. Најскап стан лани бил продаден во Аеродром за 166.500 евра, а во оваа општина е постигната и највисока цена по квадрат – 3 784 евра за квадратен метар.

To top