Бизнис

Се прави сè за да нема поскапување на струјата и на парното

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата со сите можни алатки ќе го штити стандардот на граѓаните и ќе направи се за да не се зголеми цената на електричната енергија и на парното.

Парното греење најверојатно поскапува по нова година. Нови сметки домаќинствата во Скопје ќе добијат во февруари 2027 година. Според Регулаторната комисија за енергетика, цената на топлинската енергија за најголем дел од домаќинствата ќе се зголеми за околу 7,5%. За граѓаните што се снабдуваат преку „ЕСМ Енергетика“, односно железарското парно, е предвидено поскапување од 7,2%. И покрај тоа од Владата велат дека Македонија останува земја со најниска цена на енергенсите. Главна причина за поскапувањето е растот на цената на природниот гас. Ако предлог-тарифите бидат усвоени, ќе почнат да важат од 1 јануари 2027. Тоа ќе биде трето поскапување на парното во рок од една година, откако претходните две корекции веќе ја зголемија цената за 11%.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека Владата со сите можни алатки ќе го штити стандардот на граѓаните и ќе направи се за да не се зголеми цената на електричната енергија и на парното и оти нема информации за најавите од Регулаторната комисија за енергетика.

  • Не. Тоа е на Регулаторна комисија. Знаеме дека ние како Влада одлучуваме за цената којашто АД ЕСМ ќе ја поднесе на аукцијата и тендерот што ги има објавено ЕВН Хоум. Ние како Влада ќе дадеме се од себе да не се зголемува таа цена и со сите можни алатки ќе го штитиме стандардот на граѓаните иако цените на берзите е четири до пет пати поголема од таа која што АД ЕСМ ќе ја даде, но тука имаме изготвено еден иновативен бизнис модел кој што го разговараме со раководството на АД ЕСМ – рече Мицкоски, по одбележувањето на 80-годишнината од Домот за деца без родители „11 Октомври“

Премиерот најави дека во сабота ќе одржи колегиум со раководството на РЕК Битола.

  • Оваа недела, во сабота, јас ќе бидам присутен и ќе одржам колегиум во РЕК Битола заедно со луѓето од РЕК Битола, како главен столб и стожер на енергетската стабилност во Македонија. Работиме и остануваме држава со најниска цена на енергенсите и покрај тоа што немаме многу енергенси коишто се наш природен ресурс –  изјави Мицкоски

Паралелно, домаќинствата од 1 јануари би можеле да плаќаат струја поскапа за 2% до 3%. Од РКЕ велат дека се разгледува и модел со кој дополнителниот трошок би се распределил преку тарифните модели, со цел товарот да биде поправично распореден меѓу потрошувачите. Енергетските компании веќе ги доставиле финансиските барања до РКЕ во кои се бара поскапување. Одлуките за цените на треба да бидат донесени во периодот што следи и да стапат во сила на 1 јануари.

Најнови вести од: Бизнис

Една година КА Информативен центар на „Реплек“ за производите на база на медицински канабис: Бесплатните консултации сега достапни и преку онлајн закажување

Денес, со над 1.500 информирани посетители зад себе, Центарот ја потврдува оправданоста на оваа иницијатива. За полесен пристап до стручни совети, бесплатните консултации отсега може да се закажат и онлајн, преку веб-страницата на „Реплек“

Коридорот 8 ќе биде целосно завршен до 2029, автопатот Кичево-Охрид до втората половина на 2027, потврди премиерот

Изградбата на автопатските делници од Коридорот 8 во западниот дел на земјата се интензивира во изминатите две и пол години, а целокупниот патен правец треба да биде завршен до 2029 година – најави премиерот Христијан Мицкоски на промоцијата на интегрираниот граничен систем „One Stop Shop“ на граничниот премин Ќафасан.

(Видео): ТЕЦ „Неготино“ повторно ќе произведува струја, рече премиерот

Премиерот тврди дека струјата од ТЕЦ „Неготино“ би чинела од 170 до 175 евра за мегават-час. За три години е предвиден ископ и транспорт на три милиони тони јаглен од Косово, а ЕСМ подготвува набавка на 45.000 тони мазут.

Камата 4,6%, рок до 1 декември – Граѓаните можат да запишат обврзници од 10.000 денари

Четвртата емисија на Граѓански обврзници предвидува каматна стапка од 4,6 отсто и рок на достасување од две години. Запишувањето се врши во деловните банки, а аукцијата е закажана за 3 декември.

Просечна плата од 88.787 денари во ИТ секторот, во угостителството само 35.447 денари – на што се должи тоа?!

Растот на просечната нето-плата се должи на повисоките исплатени плати во секторот „снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината“, каде што е забележан раст од 11,6%.

To top