Бизнис Регион

Секој втор Бугарин е против воведувањето на еврото како валута за плаќање

Секој втор анкетиран бугарски граѓанин е против воведувањето на еврото, се наведува во најновото истражување на „Евробарометар“. Според истражувањето, 50 проценти од Бугарите се против воведувањето на еврото, додека 43 проценти го поддржуваат овој чекор, објавува порталот Новините. Резултатот ја става Бугарија меѓу петте земји од Европската Унија каде што мнозинството граѓани се против приклучувањето […]

Секој втор анкетиран бугарски граѓанин е против воведувањето на еврото, се наведува во најновото истражување на „Евробарометар“. Според истражувањето, 50 проценти од Бугарите се против воведувањето на еврото, додека 43 проценти го поддржуваат овој чекор, објавува порталот Новините. Резултатот ја става Бугарија меѓу петте земји од Европската Унија каде што мнозинството граѓани се против приклучувањето кон еврозоната.

Во оваа група спаѓаат и Шведска со 55 проценти од населението против еврото, Полска со 59 проценти, Чешка со 63 проценти и Данска со 65 проценти.

Бугарските економисти во моментов се поделени околу тоа дали нивната земја е подготвена да се приклучи кон еврозоната на почетокот на 2026 година, додека банкарскиот сектор објави дека е добро подготвен за овој чекор. Во својата порака, организацијата нагласува дека банкарскиот сектор во земјата е веќе длабоко интегриран со еврозоната, отворајќи го патот за непречена транзиција.

Дополнително, ниското ниво на јавен долг во Бугарија се издвојува како клучен позитивен фактор, со сооднос на јавен долг со БДП од 24,1 процент на крајот од годината, што е далеку под просекот на ЕУ од 81 процент.

Буџетскиот дефицит на Бугарија останува во рамките на прагот од три проценти, а економијата забележа солиден раст од 3,1 процент во првиот квартал од 2025 година.

Најнови вести од: Бизнис Регион

(Видео): Рекордна реализација на капиталните инвестиции до сега

Паралелно се работи на сите автопатски делници низ државата, со посебен фокус на проектите што ги реализира конзорциумот „Бехтел и Енка“, дека интензивно напредуваат и железничките проекти со сериозни подготовки за изградба на брзата пруга, додека автопатот Охрид–Кичево конечно се очекува да ја добие својата завршница до крајот на годината.

(Фото): Со изградбата на далноводот Битола-Елбасан се поврзуваме со соседните електроенергетски системи

Електроенергетското поврзување меѓу Македонија и Албанија добива втора шанса. Поставен е камен темелникот на 400 киловолтниот далекувод Битола–Елбасан. Токму со овој проект започнат од 2014 година започна и емисијата Бизнис 21- Истражувањето каде завршија 50 милиони евра за нашето енергетско поврзување со Албанија.

Ќе се јаде скапо јагнешко месо – сточарите го даваат евтино, трговците го продаваат прескапо

Велигденската трпеза и годинава ќе биде сè поскапа. Ниската откупна цена на јагнето нема да ја намали цената на јагнешкото во пресрет на празниците. Одгледувачите на јагниња велат ако не се државните субвенции ќе бидат во загуба.

To top