Бизнис

Синдикатите следната недела излегуваат на протест за повисоки плати, ќе има ли ефект?!

Сојузот на синдикатите на Македонија најави протест за зголемување на платите, кој ќе се одржи на 28 јануари со почеток во 17 часот, пред просториите на ССМ. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, порача дека синдикатот ќе застане зад секој работник кој ќе одлучи да го искаже своето незадоволство.

Претседателот на Советот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов информира дека донеле одлука за протест во среда на 28-ми јануари. Порача дека е време работниците да се изборат за достоинствени плати.

  • Го повикуваме сите работници кои ги лажеле нивните газди, директори, менаџери, премиери, министри, дека ќе им ги зголемат платите, а не го сториле тоа, да ни се придружат на улица затоа што тие до 31.12 не се договорија за тоа и со потсмев им кажаа на работниците да седнат со газдите и да се договорат. Повикуваме на протест затоа што прагот на сиромаштија е 31 илјада и 200 денари. На секој еден работник му е потребно зголемување на платата, ама не за 25 евра како што се функционерите се фалат дека ќе ги усогласат платите, ама не сега, туку во март, кажа Трендафилов.

Тој укажа дека „седењето дома дава поддршка на политиката на ниски плати и тежок работнички живот“. Трендафилов најави дека ова е првиот чекор од низата во наредниот период, а кои ќе значат: „дополнителни протести и блокади, генерален штрајк во јавниот сектор, а доколку немаат слух ќе им собереме и 10 илјади потписи и ќе станеме овластен предлагач на законите – ќе побараме намалување на функционерските плати за 78% и зголемување на минималецот на 600 евра“.

Од ССМ упатија јавен повик до сите вработени да се приклучат на протестот, порачувајќи дека платите се заеднички проблем и дека само со заеднички притисок може да се издејствуваат конкретни решенија.

  • „Протестираме за плата. Придружи ни се, не чекај друг да се бори за твојата плата“, порачуваат од ССМ, најавувајќи дека протестот е порака до институциите дека трпението на работниците е при крај и дека е време за реални и видливи подобрувања на животниот стандард. 

Најнови вести од: Бизнис

По СЕПА, инстант плаќањата се следниот чекор во модернизацијата и регионалното поврзување на платниот систем

Крајната цел е премин од стандардни кон инстант плаќања во денари и евра и интегрирање на домашниот платен систем во поврзан регионален и европски платежен екосистем.

Министерката за финансии најави буџет од 7,2 милијарди евра за 2027

За капитални расходи во 2027 година се предвидени околу 663 милиони евра. Средствата треба да се насочат кон патната и железничката инфраструктура, образованието, енергетиката и комуналните проекти. За пензии се издвојуваат дури 2 милијарди евра.

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

To top