Бизнис

Сите ново-градби во иднина ќе мора да имаат градско парно?!

Измените на законот, кои се носат на предлог на Влдата, предвидуваат дека за утврдување на можноста за приклучок на системот за дистрибуција на топлинска енергија потребно е инвеститорот да обезбеди известување од надлежниот оператор на систем за дистрибуција на топлинска енергија, дека постои или не постои можност за приклучок на системот за дистрибуција на топлинска енергија. За ова да го докаже инвеститорот треба да достави барање до надлежниот оператор на систем за дистрибуција на топлинска енергија.

Станбено-деловните градби и градбите за колективно домување, кои ќе се изведуваат на локалитети и подрачја на кои постои техничка можност за приклучок на системот за дистрибуција на топлинска енергија, задолжително се проектираат и изведуваат со целокупната термотехничка инсталација на системот за централно греење, објави Фактор.

Ова е една од новите одредби во измените на Законот за градење кои веќе се доставени во Собранието. Како што пишува во образложението на законските измени, целта е да се овозможат „поквалитетни услови во снабдувањето односно користењето на топлинската енергија и подобра енергетска ефикасност, особено во поголемите станбеноделовни градби и градбите за колективно домување, како и унапредување на заштитата на животната средина преку намалувањето на бројот на станбеноделовни градби и градби за колективно домување кои користат различни видови за снабдување со топлинска енергија преку кои се испуштаат стакленички гасови и други видови материи во воздухот“.

Измените на законот, кои се носат на предлог на Влдата, предвидуваат дека за утврдување на можноста за приклучок на системот за дистрибуција на топлинска енергија потребно е инвеститорот да обезбеди известување од надлежниот оператор на систем за дистрибуција на топлинска енергија, дека постои или не постои можност за приклучок на системот за дистрибуција на топлинска енергија. За ова да го докаже инвеститорот треба да достави барање до надлежниот оператор на систем за дистрибуција на топлинска енергија.

– Во случај да постои техничка можност за приклучок на системот за дистрибуција на топлинска енергија, инвеститорот е должен за утврдување на исполнетоста на условите, да обезбеди позитивно мислење за проектираната и изведената термотехничка инсталација на системот за централно греење, од страна на надлежниот оператор на систем за дистрибуција на топлинска енергија.
  • Мислењето за проектираната термотехничка инсталација на системот за централно греење на градбата се однесува на делот на основниот проект со кој е опфатена термотехничката инсталација на системот за централно греење во ревидиран термотехнички проект и се приложува од страна на инвеститорот со барањето за добивање на одобрение за градење – се нагласува во законот доставен пред пратениците.

Воедно е предвидено дека операторот на систем за дистрибуција на топлинска енергија, кој врши дистрибуција на топлинска енергија е должен известувањето за постоење на техничка можност за приклучок на системот за дистрибуција на топлинска енергија да го издаде во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето. Додека пак во период од 30 дена треба да издаде мислењеза проектираната термотехничка инсталација на системот. Мислењето за изведената термотехничка инсталација на системот за централно греење во градбата го издава надзорниот инженер на операторот на систем за дистрибуција на топлинска енергија.

– Позитивното мислење за изведената термотехничка инсталација на системот за централно греење заедно со останатите потребни документи се приложува од страна на инвеститорот до надлежниот орган од членот 58 од овој закон, со цел ставање во употреба на станбено-деловните градби и градбите за колективно домување согласно одредбите од глава VII од овој закон – се посочува во Законот.

Воедно во овој закон се предвидува и преодна одредба во однос на изменатата постапка за добивање на овластување за изградба на електроенергетски објекти согласно новиот Закон за енергетика.

  • Од причина што има затекнати постапки за добивање на одобрение за градење за изградба на ваквите објекти, за кои согласно Законот за енергетика кој престана да важи со денот на донесувањето на новиот, веќе има издадено овластувања, се предлага преодната одредба која се однесува само за оние објекти за кои има овластување согласно Законот за кој престана да важи. При што новиот начин на постапување за издавање на одобрение за градење за овој вид на градби е регулиран системски, со што се овозможува целосно усогласување на регулативата во делот на постапување за изградба на електроенергетски објекти, кои ќе отпочнат да се планираат од денот на влегувањето во сила на овој закон– се прецизира во законот.

Најнови вести од: Бизнис

По СЕПА, инстант плаќањата се следниот чекор во модернизацијата и регионалното поврзување на платниот систем

Крајната цел е премин од стандардни кон инстант плаќања во денари и евра и интегрирање на домашниот платен систем во поврзан регионален и европски платежен екосистем.

Министерката за финансии најави буџет од 7,2 милијарди евра за 2027

За капитални расходи во 2027 година се предвидени околу 663 милиони евра. Средствата треба да се насочат кон патната и железничката инфраструктура, образованието, енергетиката и комуналните проекти. За пензии се издвојуваат дури 2 милијарди евра.

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

To top