Бизнис

Угинати 196, а евтаназирани 7.316 овци и кози поради сипаници

Според нивните процени, од почетокот на кризата се уништени меѓу 40 и 50 стада, а секојдневно се појавуваат нови жаришта. Најпогоден е источниот дел од земјава, додека одгледувачите од југозападниот регион стравуваат дека болеста може да се прошири и во областите во кои сè уште нема потврдени случаи.

Агенцијата за храна и ветеринарство ги објави најновите официјални податоци за состојбата со сипаниците кај овците и козите, нагласувајќи дека е важно да се прави јасна разлика меѓу животните што угинале од болеста и оние што се усмртени како дел од мерките за нејзино сузбивање. Според официјалната евиденција на АХВ, досега од болеста угинале 196 овци и кози, додека 7.316 животни се евтаназирани или убиени во рамки на официјалните мерки за спречување на ширењето и искоренување на заразата.

Во моментов, сипаниците кај овците и козите се потврдени во 63 жаришта, распоредени во четири региони во земјава. Во рамки на мерките за контрола и сузбивање на болеста, депопулација е извршена на 53 одгледувалишта, при што вкупно 7.316 овци и кози се евтаназирани или убиени.

Најголем број жаришта се регистрирани во Источниот Регион, каде се евидентирани 50 од вкупно 63 жаришта, односно 79,4 проценти од сите регистрирани жаришта. Во овој регион се евидентирани 7.216 приемчиви животни, од кои 160 биле позитивни на болеста. Според податоците на АХВ, 156 животни угинале, додека 4.815 се евтаназирани или убиени во рамки на мерките за сузбивање на заразата. Во Североисточниот Регион се регистрирани седум жаришта, во Вардарскиот Регион пет, додека во Скопскиот Регион е евидентирано едно жариште.

Најнови вести од: Бизнис

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

Компаниите што исплаќале плати преку „АЛТА банка“ ќе можат да ја вршат исплата

Народната банка внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и продолжува со приспособување на мерките, имајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти.

(Фото): Одржана надзорна расправа во Собранието за воведувањето на администрација во „Алта банка“

„Алта банка“ АД Битола има здрава финансиска позиција, висока ликвидност и квалитетно кредитно портфолио, со нефункционални пласмани под 3%. Воведувањето администрација не е последица на проблеми во работењето на домашната банка, туку произлегува од одземањето на дозволата за работа на нејзиниот доминантен акционер, Алта банка Белград, којашто поседуваше 95,3% од акциите. Ова беше истакнато на […]

To top