Бизнис

УНИБанка ја редефинира иднината на трансферите на средства со Visa+

Испратете пари – брзо, сигурно и едноставно, дома и во странство! Нов начин за брз и безбеден трансфер на средства –директно на Visa картичка во земјата и странство! УНИБанка АД Скопје, следејќи ги потребите на своите клиенти, воведе нова функционалност – трансфер на средства на Visa картичка. Ова е иновативна функционалност Visa+ со која се овозможува трансфер на средства на дебитна картичка […]

Испратете пари – брзо, сигурно и едноставно, дома и во странство!

Нов начин за брз и безбеден трансфер на средства –директно на Visa картичка во земјата и странство!

УНИБанка АД Скопје, следејќи ги потребите на своите клиенти, воведе нова функционалност – трансфер на средства на Visa картичка. Ова е иновативна функционалност Visaсо која се овозможува трансфер на средства на дебитна картичка во земјата или странство преку мобилен број.

Во услови кога живееме динамично, често патуваме, имаме бројни обврски и секогаш недостиг на време, можноста преку мобилна апликација да направиме брз и лесен трансфер на средства е нешто што би ни било од голема помош.

Со новата функционалност Visa+ можеме преку апликацијата за мобилно банкарство, едноставно и сигурно да испратиме средства до корисници на Visa картички, во земјата и во странство.

Станува збор за најнова функционалност во мобилното банкарство со која УНИБанка само ја потврдува својата позиција на лидер за напредни дигитални банкарски решенија, со кои се олеснува секојдневното функционирање и им се помага на клиентите да го трансформираат и поедностават начинот на кој управуваат со своите средства.

Целта е клиентите да можат да го реализираат трансферот самостојно, поекономично и без дополнителни документи, aкрајниот корисник да го добие вкупниот износ на средства.

Со новата услуга, границите веќе не се пречка, нема потреба од коресподентни банки, префрлувањето пари кон пријатели, семејство или деловни партнери станува полесно од кога било. Без граници, без чекање.

Не се потребни комплицирани податоци – доволни се само телефонскиот број на примачот со регистрирана картичка во Visa+, или бројот на Visa картичка, име презиме и адресана примачот. 

Клучни придобивки од новата услуга:

Брзина: Трансфер во реално време – средства за само неколку минути;
Едноставност: Без пополнување на сметки, документи за намена и сл.;
Безбедност: Заштитена технологија за обработка на трансакции;
Достапност: Секогаш и секаде преку мобилната апликација;

Со Visa+, Вашиот трансфер на средства е побрз, побезбеден и поедноставен!

За повеќе информации, посетете ја нашата веб-страницаwww.unibank.mk

Најнови вести од: Бизнис

Важно за Македонците: Германија стопираше 18.000 барања за работа поради исцрпена квота

Економски аналитичари посочуваат дека германскиот пазар на трудот сѐ уште има потреба од работна сила, особено во здравството, градежништвото и во услужниот сектор, но додаваат дека трошоците за живот, кои растат побрзо од платите кај пониско платените работници, особено ги погодуваат мигрантите, кои стартуваат од пониски позиции и без сопствен имот.

Како ЕУ планира да „удри“ врз Доналд Трамп за новата одлука со царини?!

Брисел може да го активира и т.н. Анти-присилувачки инструмент, кој овозможува ограничувања во пристапот на американски компании до јавните набавки во ЕУ или воведување дополнителни финансиски мерки. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, порача дека Европа останува отворена за дијалог, но нема да дозволи еднострани мерки што ја нарушуваат рамнотежата на глобалната трговија.

Азески: Кичево има потенцијал да стане мултимодален транспортен јазол

Во Стопанската комора во Кичево се одржа седница за разгледување на актуелната економска состојба во регионот, инфраструктурните приоритети, поддршката на локалните компании, како и можностите за заеднички иницијативи меѓу бизнис-заедницата и локалната власт. На седницата присуствуваа и раководителите на регионалните комори од Битола, Охрид и Прилеп.

Живејачката поскапа во февруари, синдикалната кошница над 1.100 евра – на што се должи тоа?!

Минималната синдикална кошничка повторно порасна. Во февруари, за основните трошоци на едно четиричлено семејство биле потребни 67.382 денари, речиси 1.000 повеќе од јануари. Според пресметките на Сојузот на синдикатите на Македонија, растот за само еден месец изнесува 969 денари.

Декемвриската просечна плата порасна за 7,6% и изнесува 46.889 денари

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано и во Транспорт и складирање со раст од 12,8 проценти, Рударство и вадење на камен со 9,0 проценти, како и во Градежништво со 7,0 проценти.

To top