Бизнис

Успешниот домашен модел ја зацврстува регионалната експертиза: ЕОС Матрих се проширува во Косово

По успешното позиционирање на секундарниот финансиски пазар во Македонија и долгогодишното искуство во управувањето со побарувања и откупот на портфолија, ЕОС Матрих го прави следниот чекор во регионалната експанзија со обновување на активностите на пазарот во Косово. Проширувањето на активностите следува по усвојувањето на новиот Закон за банки на Косово, со кој се креираа услови за примена на современи методи и експертиза за управување со побарувања и откуп на портфолија од нефункционални кредити.

Косовскиот финансиски пазар е добро познат простор за ЕОС Матрих и место каде моделот што компанијата го разви во земјава, адаптиран на тамошните специфики, може да го претвори откупот на нефункционални кредити во уште една алатка за поефикасно управување со банкарските портфолија. Со новата регулаторна рамка Косово е пазар што нуди можности за брз развој на секундарниот пазар на нефункционални пласмани, а во кој ЕОС Матрих гледа значаен потенцијал за поефикасно функционирање на финансискиот сектор.

  • „Косово е пазар што EOS добро го познава и на кој сега повторно градиме сопствена позиција. Ова не е толку нов почеток, колку што е враќање, и јас лично со нетрпение го очекувам тоа. Носиме огромна предност како меѓународно признат и етаблиран партнер. Нашето искуство во преземањето комплексни портфолија на нефункционални пласмани, континуираните инвестиции во дигитални алатки и напредни ИТ решенија, дополнително ќе придонесат за развој на секундарниот финансиски пазар во Косово, што ќе донесе позитивни ефекти за националната економија и ќе ја унапреди финансиската кондиција на реалниот сектор“, изјави д-р Катерина Бошевска, главен извршен директор на EOS Матрих во Македонија и Косово.

На домашниот пазар ЕОС Матрих управува со портфолио од над 150.000 предмети, а вкупните инвестиции на компанијата надминаа 30 милиони евра. Високите меѓународни стандарди и практики што компанијата ги применува во  секторот за специјализирани финансиски услуги, придонесоа за поголема финансиска стабилност на земјата.

ЕОС Матрих отворено се залага за развој на функционален, стабилен и одржлив пазар на нефункционални пласмани во Косово, како важен дел од современиот финансиски систем. Ефикасното управување со нефункционалните пласмани им овозможува на банките да ослободат простор во своите биланси за ново кредитирање и на тој начин да ја поддржат ликвидноста, инвестициите и економската активност. Зголемената динамика на двата пазари уште еднаш ја потврдува јасната лидерска позиција на  компанијата, паралелно зајакнувајќи ја финансиската стабилност на регионот.

Покрај преземањето на комплексни портфолија на нефункционални пласмани, компанијата континуирано ги развива дигиталните алатки, како што е платформата MyEOS, којашто овозможува сигурен, транспарентен и флексибилен пристап за клиентите во управувањето со нивните обврски. Плановите на компанијата беа претставени на почетокот на септември, во рамките на посетата на Приштина, при што беше одржан и состанок со Љуљзим Рафуна, претседател на Стопанската комора на Косово.

За натамошниот развој на овој пазар, компанијата го препознава како особено значајно усогласувањето со европската регулатива и воспоставувањето јасна, транспарентна и предвидлива рамка за сите учесници. Како дел од меѓународна групација со долгогодишно искуство на европските пазари, ЕОС Матрих располага со воспоставени процеси, стандарди и експертиза што може да придонесат кон развој на професионален пристап во управувањето со нефункционалните побарувања и во Косово.

Паралелно со деловното проширување, ЕОС Матрих ја поддржува и регионалната иницијатива за родово избалансирано корпоративно лидерство Women on Boards Adria (WOBA), која ги проширува своите активности на косовскиот пазар. Главниот извршен директор на компанијата за Македонија и Косово, Катерина Бошевска, воедно е и првата амбасадорка на Women on Boards Adria за Косово. Во тоа својство, заедно со Тања Михајловска Димитриевска, главен регионален амбасадор на WOBA, на почетокот на септември одржаа серија состаноци во Приштина со претставници на бизнис-заедницата и институциите, со цел да ја претстават иницијативата и создадат поддршка за поголема застапеност на жените на раководни и управувачки позиции.

Women on Boards Adria беше лансирана во април 2023 година, во рамките на првото издание на  Adria Future Summit, со поддршка од организациите European Women on Boards и Women at the Table.

Најнови вести од: Бизнис

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

Компаниите што исплаќале плати преку „АЛТА банка“ ќе можат да ја вршат исплата

Народната банка внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и продолжува со приспособување на мерките, имајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти.

(Фото): Одржана надзорна расправа во Собранието за воведувањето на администрација во „Алта банка“

„Алта банка“ АД Битола има здрава финансиска позиција, висока ликвидност и квалитетно кредитно портфолио, со нефункционални пласмани под 3%. Воведувањето администрација не е последица на проблеми во работењето на домашната банка, туку произлегува од одземањето на дозволата за работа на нејзиниот доминантен акционер, Алта банка Белград, којашто поседуваше 95,3% од акциите. Ова беше истакнато на […]

To top