Бизнис

Веднаш по изборите се потпишува договорот за изградба на тунелот на пругата кон Бугарија

До 2032 година ќе може да се патува со воз од Скопје до Бургас

Веднаш по завршувањето на локалните избори, во ноември ќе се потпише договорот за заедничка изградба на прекуграничниот тунел на пругата кон Бугарија, како што беше договорено во јуни годинава. Ова денеска го соопшти вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, одговарајќи на новинарско прaшање на промотивен настан на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

„Во јуни имавме конструктивна средба со вицепремиерот и министер за транспорт Караџов во Истанбул, кога првпат после речиси една година, седнавме да ги разгледаме реалните проблеми што се од инженерски карактер, а не од политички. Имајќи предвид дека средбата беше за стручна тема, не поврзана со политика, зашто градење пруга не е политика, за кратко време најдовме решение“, рече тој.

Николоски рече дека е договорено Македонија да ја изгради третата фаза од железницата кон Бугарија, од која првата е изградена, а втората се гради во моментов.

„Бугарија си ги презеде своите обврски, а тоа е да инвестира милијарда и половина евра по изградба, реконструкција и надградба на пругата што оди од Софија, преку Перник до Ѓуешево и да го изгради делот од Ѓуешево до границата“, кажа Николоски.

Посочи дека за делот од пругата од Ѓуешево до границата веќе има тендери и останува целосно да се проектира тунелот, за што треба да се потпише меѓународен договор.

„Кога ќе завршат ограничувањата за изборите, истиот ќе го потпишеме“, вели министерот.

Според него, на седница на Влада е одобрено да се работат корекциите во делот на третата фаза и сè оди по договорот, за кој се надева дека ќе се реализира и за неколку години ќе имаме железничко поврзување Скопје – Софија и пристаништето во Бургас.

„Ако сè оди како што треба од двете страни, до 2031/32 година треба да може да се патува со воз од Скопје до Бургас“, рече Николоски.

Најнови вести од: Бизнис

Овозможени уплати за комуналии и отплата на кредити – реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ во Битола, Струмица и Тетово

Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Вицепремиерот Николоски: Новата инвестиција на „АСП-ПАК“ донесува развој и нови можности за Охрид

Нов производствен капацитет на компанијата „АСП-ПАК“ ДООЕЛ беше отворен во Охрид, инвестиција која, според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, претставува значаен придонес за развојот на локалната економија и индустријата во земјава.

ЕУ повика Македонија да се усогласи со политиките за критични суровини

Македонија сè уште треба да се усогласи со Директивата за критични суровини, како и да изготви и усвои соодветна легислатива за да се интегрира во синџирот на вредности на ЕУ за критични суровини, пишува во последниот Извештај на Европската комисија посветен на земјава.

To top