Бизнис

Вицепремиерот Николоски на Виенскиот економски форум ќе ги презентира економските политики на Владата

Македонската економија постигнува завидни резултати, растот е најдобар во целиот регион и тоа е нешто што ќе го правиме во следниот период

Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски е во работна посета на Виена, Австрија, каде учествува на Виенскиот економски форум. Во рамките на посетата тој ќе го отвори Виенскиот економски форум, а исто така ќе оствари политички и економски средби.

Во продолжение интегралната изјава на вицепремиерот Николоски:

-Имам чест да бидам поканет на Виенскиот економски форум и дополнително на тоа најголемиот форум во делот на економијата во Југоисточна Европа, форум на кој доаѓаат бизнис лидери, политичари, банкари, економисти и се разговара за економијата во Југоисточна Европа. Честа е уште поголема што можам да бидам еден од тројцата говорници што ќе го отворат Виенскиот економски форум. Ќе зборувам за она што го работи владата на Македонија во изминитатите една година и неколку месеци, за економските достигнувања како и за плановите за развој во периодот што следи. Македонската економија постигнува завидни резултати, растот е најдобар во целиот регион и тоа е нешто што ќе го правиме во следниот период. Ќе ги презентирам добрите економски политики, фискалните политики, политиките во делот на инвестициите, на развојот, на инфраструктурата на градежништвото и сето она што ја движи македонската економија, а се надевам дека ќе имам бројни средби кои ќе донесат нови инвеститори во Македонија и нови пријатели на Македонија, изјави вицепремиерот Николоски.

Најнови вести од: Бизнис

Регионална експанзија на АЛТА Група: Со преземање на ЗОИЛ Македонија АД Битола воспоставен интегриран систем на банкарски и осигурителни услуги

Интегрираниот модел „сè на едно место“ е усогласен со европските практики и овозможува поголема ефикасност, заштеда на време и полесно донесување финансиски одлуки

Иран ги обвини САД за прекршување на договорот – цените на нафтата веднаш реагираа со пораст

Новите обвинувања од Иран повторно ја зголемија неизвесноста на пазарот, покажувајќи колку е кревка моменталната ситуација околу Ормускиот теснец – стратешкиот теснец низ кој поминува голем дел од светското снабдување со нафта.

Цената на становите порасна за 16,7% – сепак пазарот на недвижности го има последниот збор

Најактивни општини биле Центар, Аеродром и Карпош каде становите се продавале по просечна цена од 1.692, 1.558 и 1.419 евра за квадратен метар. Најскап стан лани бил продаден во Аеродром за 166.500 евра, а во оваа општина е постигната и највисока цена по квадрат – 3 784 евра за квадратен метар.

To top