Бизнис

(Видео): Кој го злоупотребувал системот за социјална помош?!

Проблеми, колку да сакаш. Заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски откри дека има злоупотреби во системот за социјална помош. Како што вели, веќе има оформени предмети.

Заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 откри дека има злоупотреби во системот за социјална помош. Како што вели, веќе има оформени предмети.

  • „Очекуваме конкретни мерки од Јавното обвинителство. Ние како систем воведовме нова методологија – сви системот кој што значи буквално затворање на сите бази да нема ваква злоупотреба и да немаме“, вели Велковски.

Заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, истакна и дека над 100.000 пензионери добиле зголемување на пензиите од 14.000 на 20.000 денари.

  • „Ова е системски потег. Наследивме повеќе од 100.000 пензионери со пензија под 14.000 денари, а денес тие имаат 20.000. Сите забораваат дека токму тие беа жртви на транзицијата и на стечајните постапки, кога голем дел од нивниот стаж не беше платен. Со оваа интервенција исправивме една неправда“, изјави Велковски.

Најнови вести од: Бизнис

Во кои земји трошокот за домување е сериозен товар?!

Во овој индикатор, Евростат ги вклучува киријата или каматата за станбен кредит, трошоците за вода, електрична енергија, гас и греење, како и осигурувањето, одржувањето, поправките и поврзаните даноци. Отплатата на главницата на станбениот кредит не е вклучена.

Kупувањето производи преку кинеските платформи е поскапо за граѓаните на ЕУ – од сега се плаќа и посебна такса

Доколку купувачот нарача маица, паричник, слушалки и шише вода во една пратка, само 12 евра ќе одат на фиксната царинска давачка, односно три евра за секој артикл.

Народна банка: Случувањата во Србија не влијаат автоматски врз Алта банка Битола

Одземањето на дозволата за работа на Алта банка од страна на Народната банка на Србија, не значи автоматско одземање на дозволата за работа на Алта банка АД Битола, соопштија од македонската Народна банка.

Колку милијарди евра чуваат граѓаните в банка и покрај инфлацијата?!

Заклучно со септември граѓаните и компаниите заедно во банките должат вкупно 9,87 милијарди евра, а поединечно граѓаните должат 4,93 милијарди евра, а компаниите е 4,90 милијарди евра. Компаниите и граѓаните во септември во банките имале депозити во вкупен износ од 11,15 милијарди евра. Од нив на граѓаните се 7,50 милијарди евра.

To top