Бизнис

Заедно за иднината: OKTA се приклучува на мисијата за пошумување во Јасен

Следејќи ја својата стратешка определба за заштита на животната средина и одговорно управување со природните ресурси, ОКТА АД – Скопје реализираше акција за пошумување во Националниот резерват „Јасен“

Следејќи ја својата стратешка определба за заштита на животната средина и одговорно управување со природните ресурси, ОКТА АД – Скопје реализираше акција за пошумување во Националниот резерват „Јасен“. Во рамки на оваа доброволна еко-акција, преку проектот „Grizzly Reforestation 2025“, вработените на ОКТА засадија околу 500 нови садници, како директен придонес за обновување на шумските површини зафатени од катастрофалните пожари кои летово го погодија „Јасен“. Акцијата за пошумување има главна цел да помогне во обновување на деградираните делови на подрачјето на „Јасен“ и да придонесе кон долгорочно закрепнување на еко-системот во резерватот.

Јулија Цветковска, маркетинг и ПР координатор на ОКТА, потенцира дека компанијата преку ваквите иницијативи создава реални и одржливи придобивки за граѓаните. „Голема благодарност до нашиот неверојатен тим за успешната реализација на оваа иницијатива. Обновувањето на шумите е повеќе од садење дрвја – тоа значи обновување на надежта за идните генерации. Овој проект докажува дека компаниите имаат моќ да предводат вистински промени кога се водени од одговорност и солидарност. Горди сме што поддржуваме иницијативи кои создаваат позелена и поодржлива иднина – затоа ги повикувам сите да ни се придружат во остварувањето на таа визија.“нагласи Цветковска.

Во мај оваа година, ОКТА донираше дрон со напредна технологија за рана детекција на пожари на ЈП „Национални шуми“. Овој дрон овозможува поефикасен мониторинг на шумите и брза реакција на надлежните институции во критичните региони, придонесувајќи за заштита на шумските ресурси и безбедност на теренските екипи

Генералниот директор на ОКТА, Димитриос Пасхос, нагласи дека компанијата и понатаму ќе остане посветена на поддршка на заедницата. „Овие иницијативи ја потврдуваат стратешката определба на ОКТА да биде доверлив партнер на заедницата и активен фактор во заштитата на животната средина. Со оваа акција ја потврдуваме нашата визија дека економскиот развој мора да оди рака под рака со еколошка одржливост. Во оваа прилика најавуваме дека до крајот на годината планираме уште неколку општествено одговорни активности. ОКТА повторно ќе донира фотоволтаични кровни системи во неколку институции и организации, со цел да придонесеме за подобрување на енергетската ефикасност таму каде што е најпотребно.“изјави Пасхос.

Во септември, ОКТА активно ги поддржа државните институции во гаснењето на големиот пожар на депонијата во Трубарево. Помошта вклучуваше ангажирање на противпожарното возило на ОКТА и донација на хемиска пена, која беше клучна за гаснење пожар со пластичен и електронски отпад. Минатата година, ОКТА ја опреми територијалната противпожарна единица во Свети Николе со специјализирана опрема за гаснење пожари на непристапни терени – поддршка што пристигна токму кога општината се соочуваше со еден од најголемите пожари.

Претходно, компанијата инвестираше во првиот центар за обука за гаснење пожари од нафтени деривати во земјата. Овој центар овозможува реални вежби и сценарија за противпожарната единица на ОКТА, како и за други државни институции и компании, под строго контролирани и безбедни услови за вработените и инфраструктурата.

Акцијата за пошумување претставува значаен завршеток на година посветена на еден од клучните столбови на CSR стратегијата на ОКТА: превенција од пожари и едукација.

 

Најнови вести од: Бизнис

Регионална експанзија на АЛТА Група: Со преземање на ЗОИЛ Македонија АД Битола воспоставен интегриран систем на банкарски и осигурителни услуги

Интегрираниот модел „сè на едно место“ е усогласен со европските практики и овозможува поголема ефикасност, заштеда на време и полесно донесување финансиски одлуки

Иран ги обвини САД за прекршување на договорот – цените на нафтата веднаш реагираа со пораст

Новите обвинувања од Иран повторно ја зголемија неизвесноста на пазарот, покажувајќи колку е кревка моменталната ситуација околу Ормускиот теснец – стратешкиот теснец низ кој поминува голем дел од светското снабдување со нафта.

Цената на становите порасна за 16,7% – сепак пазарот на недвижности го има последниот збор

Најактивни општини биле Центар, Аеродром и Карпош каде становите се продавале по просечна цена од 1.692, 1.558 и 1.419 евра за квадратен метар. Најскап стан лани бил продаден во Аеродром за 166.500 евра, а во оваа општина е постигната и највисока цена по квадрат – 3 784 евра за квадратен метар.

„Тиквеш“ триумфира во Јапонија: Две гран-при од вкупно девет награди на натпреварот SAKURA

Меѓу деветте признанија се две Гран-при награди, како и два двојни златни медали, четири златни и еден сребрен медал, што претставува јасен сигнал за конзистентниот квалитет и глобалната релевантност на вината на „Тиквеш“

Најнови вести

To top