Бизнис

Зошто доаѓа до новиот бран поскапувања?!

И покрај растот, од РКЕ посочуваат дека цените на горивата во Македонија остануваат меѓу најниските во регионот и Европа. Регулаторното тело им укажува на нафтените компании да ги намалат цените за 2 денари по литар,согласно договорениот попуст меѓу Владата и главниот добавувач ОКТА, со цел намалувањето директно да го почувствуваат граѓаните.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка, според РКЕ, бележат зголемување во просек: кај бензините за 16,964%, кај дизелот за 11,714%, кај екстра лесното масло за 13,059% и кај мазутот зголемувањето е за 14,591%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, по кој беа формирани цените со претходната пресметка, е повисок за 0,8453%, што дополнително влијае врз цените.

И покрај растот, од РКЕ посочуваат дека цените на горивата во Македонија остануваат меѓу најниските во регионот и Европа. Регулаторното тело им укажува на нафтените компании да ги намалат цените за 2 денари по литар,согласно договорениот попуст меѓу Владата и главниот добавувач ОКТА, со цел намалувањето директно да го почувствуваат граѓаните.

Максималните малопродажни цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС–95 и ЕУРОСУПЕР БС–98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ–1) се зголемуваат за 7,00 денари по литар. Максималната малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д–Е V) се зголемува за 6,50 денари, а на мазутот за 4,867 денари за килограм. 

Од полноќ (17 март)  максималните малопродажни цени ќе изнесуваат:

  • ЕУРОСУПЕР БС-95: 86,50 ден/лит
  • ЕУРОСУПЕР БС-98: 88,50 ден/лит
  • ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д‑Е V): 92,00 ден/лит
  • Екстра лесно масло за горење (ЕЛ‑1): 89,50 ден/лит
  • Мазут М‑1 НС: 47,453 ден/кг

Најнови вести од: Бизнис

Во кои земји трошокот за домување е сериозен товар?!

Во овој индикатор, Евростат ги вклучува киријата или каматата за станбен кредит, трошоците за вода, електрична енергија, гас и греење, како и осигурувањето, одржувањето, поправките и поврзаните даноци. Отплатата на главницата на станбениот кредит не е вклучена.

Kупувањето производи преку кинеските платформи е поскапо за граѓаните на ЕУ – од сега се плаќа и посебна такса

Доколку купувачот нарача маица, паричник, слушалки и шише вода во една пратка, само 12 евра ќе одат на фиксната царинска давачка, односно три евра за секој артикл.

Народна банка: Случувањата во Србија не влијаат автоматски врз Алта банка Битола

Одземањето на дозволата за работа на Алта банка од страна на Народната банка на Србија, не значи автоматско одземање на дозволата за работа на Алта банка АД Битола, соопштија од македонската Народна банка.

Колку милијарди евра чуваат граѓаните в банка и покрај инфлацијата?!

Заклучно со септември граѓаните и компаниите заедно во банките должат вкупно 9,87 милијарди евра, а поединечно граѓаните должат 4,93 милијарди евра, а компаниите е 4,90 милијарди евра. Компаниите и граѓаните во септември во банките имале депозити во вкупен износ од 11,15 милијарди евра. Од нив на граѓаните се 7,50 милијарди евра.

To top