Хроника

Банкар 13 пати „празнел“ сметки на корисници

Од двајца корисници присвоил 4.920.000 денари и 63.350 евра

Против стручен соработник во експозитура на банка во Гевгелија, покрената е кривична пријава поради сомнение дека во неколку наврати неовластено пристапувал до сметки на двајца корисници и присвоил пари во вкупна вредност од речиси пет милиони денари и над 63.000 евра.

Според пријавеното, К.К. (52) во периодот од 7 ноември 2025 до 3 март 2026 година, во 13 наврати, присвоил 4.920.000 денари и 63.350 евра кои му биле доверени во службата.

Со ваквото постапување, според сомненијата на полицијата, тој предизвикал материјална штета на банката.

Против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „проневера во службата“.

Најнови вести од: Хроника

To top