Хроника

Доживотен затвор за серискиот убиец Трајко Бојковски, поради четири убиства и два обида за убиство на жени

Основниот суд во Куманово денеска ја изрече пресудата за Трајко Бојковски, обвинет за четири убиства и два обида за убиство на жени во регионот на Старо Нагоричане. Судот го осуди Бојковски на казна доживотен затвор, со што заврши првостепената судска постапка која предизвика голем интерес во јавноста.

На рочиштето за завршни зборови одржано на 6 октомври, јавниот обвинител Љубомир Лапе побара најстрога казна, посочувајќи дека делата биле извршени на сличен начин. Како како клучни докази беа издвоени ДНК-трагите, пронајдени кај жртвите и преживеаните.

Обвинителството во завршните зборови се повика и на психијатриското вештачење.

„Според психијатриското вештачење постојат голема опасност обвинетиот повторно да изврши кривични дела и и сериозни пречки за неговата ресоцијализација“, истакнаа од обвинителството, нагласувајќи дека овие наоди се дополнителен аргумент за доживотна казна.

Одбраната ,застапувана од адвокатот Тони Цветковски, кој му е доделен по службена должност, пред судот побара да се земат предвид олеснителните околности при одмерувањето на казната.

Најнови вести од: Хроника

Две години затвор за Пеце Матовски, поранешниот директор на РЕК „Битола“ за спорниот тендер за јаловина

Поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски, е осуден на две години затвор за злоупотреба на службената положба при спроведувањето на тендерот за ископ на јаловина во периодот 2022–2023 година, на кој била избрана битолската компанија „Руд Коп“. Пресудата ја донесе судијата Горан Димовски од Основниот суд во Битола. Условни казни добија и членовите на […]

Повторно зачестени измамнички пораки за наводна наплата на сообраќајни прекршоци – МВР повикува на внимателност

Станува збор за обиди за фишинг измами, при што преку лажни пораки и линкови се бара од граѓаните да пристапат до веб-страници и да внесат лични и банкарски податоци, со цел нивна злоупотреба.

Осум дена притвор за возачот од Битола, откако беше приведен и по вторпат: првиот пат со 3,23, а потоа и со 3,50 промили алкохол во крвта!

Х.Ј. (29) првиот пат бил запрен кај спортската сала „Боро Чурлевски“ со 3,23 промили, а два дена подоцна на Партизанска повторно возел пијан. Му е одреден осумдневен притвор.

To top