Хроника

Две куќи изгореа во вчерашниот пожар во велешко

Градоначалникот на општина Велес, Марко Колев, изрази жалење за причинетата штета и повика на внимателност

 

Пожарот во Велес денеска зафати куќи и викендици.

„Со навремена и брза реакција на пожарникарите, вчера попладне беше спречено ширење на активниот пожар кој започна во месноста наречена Три дола“, соопшти градоначалникот на општина Велес, Марко Колев.

Во гасењето на големиот пожарот кај Велес попладнево вклучен воздухоплов на ДЗС

Тој изрази жалење за причинетата штета.

„Искрено жалам за причинетата штета и изразувам голема благодарност до Противпожарната и спасувачката служба на Велес, која изврши професионална интервенција со 16 пожарникари, до општествено одговорното претпријатие „Уни Агро“ кое со механизација придонесе во акцијата и до сите кои се вклучија во гаснењето и локализирањето на пожарот“, објави Колев.

Тој изрази благодарност до пожарникарите и ги повика граѓаните да бидат повнимателни.

Најнови вести од: Хроника

Крвав инцидент во казино во Тетово: Тројца задржани во болница, избодени двајца „миротворци“!

Во Клиничката болница Тетово ноќеска биле донесени избодени со нож Ј.Р. (48) од с. Брвеница и С.Т. (50) од с. Сараќино, Тетовско. Според пријавеното, тие биле нападнати и ранети при обид во казино во Тетово да ги разделат В.А. (44) од с. Џепчиште и А.И. (33) од с. Требош, кои се степале. Вториот тепач, инаку, бил во друштво на С.И. (26) и Ш.С. (26), исто така од Требош.

Инцидент во Чегране: Откако била пронајдена дрога, се обиделе да прегазат полицајци, па им се заканиле по живот!

Во синоќешната акција на полицијата против дрога, полицајци во Чегране биле под закана за животите, откако двајца насилници во „бмв“ се обиделе да ги прегазат, а потоа им се заканувале. Тие, всушност, дошле откако разбрале дека во куќа во гостиварското село се врши полициска рација.

Две години затвор за Пеце Матовски, поранешниот директор на РЕК „Битола“ за спорниот тендер за јаловина

Поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски, е осуден на две години затвор за злоупотреба на службената положба при спроведувањето на тендерот за ископ на јаловина во периодот 2022–2023 година, на кој била избрана битолската компанија „Руд Коп“.

To top