Македонија

Во гасењето на големиот пожарот кај Велес попладнево вклучен воздухоплов на ДЗС

И покрај надвиснатите облаци над овој реон се уште не врне. Во моментов воздухопловот ер-трактор на ДЗС надлетува на целиот терен и го гасне пожарот

Попладнево околу 16 часот воздухолов ер-трактор на Дирекцијата за заштита и спасување се вкучи во гасењето на големиот пожар кој денеска околу 10:40 часот избувна на раскрсницата на експресниот пат Велес – Штип, десно под Градската депонија и кој потоа се распламти и зафати голема територија со повеќе краци на ширење. Пожарот се уште гори и покрај брзата и непрекината интервенција на пожарникарите со неколку екипи од Територијалната противпожарна единица од Велес заедно со екипи на ЈКП „Дервен“ кои им помагаат на пожарникарите, информира директорот на ДЗС Стојанче Ангелов. Како што посочи, испраќањето на воздухопловот на терен било во координација со Центарот за управување со кризи.

Голем и опасен пожар кај Велес, пожарот се доближува и ги загрозува првите куќи!

Инаку, пожарот има зафатено поголема површина со ширење во неколку правци. Огнот со еден крак тргнал кон место викано Саботна Вода од каде се префрлил и на место викано Трите Дола, а во моментов е многу близу и до место викано Цариер, а еден крак е и кон село Караслари.

Опожарена до овој момент е голема површина на сува трева, на лозја, на дрвја од овоштарници, а настрадале и пчелни сандаци, додека од чадот не може да се види во каква состојба се изградените викендици, куќи и помошни објекти.

Од Јавно комунално претпријатие „Дервен“ информираат дека нивни вработени им помагаат на пожарникарите во гаснењето на пожарот што зафати област со ниска вегетација во близина на градската депонија и обезбедена е цистерна за дотур на вода за гаснење на пожарот. Воедно тие го зголемиле  е и бројот на вработени на градската депонија со цел да се спречи пожарот да се префрли на самата депонија.

И покрај надвиснатите облаци над овој реон се уште не врне. Во моментов воздухопловот ер-трактор на ДЗС надлетува на целиот терен и го гасне пожарот.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top