Хроника Свет

Еден загинат и 19 повредени во уривањето на два балони во Турција

Два балони се урнаа во турската покраина Аксарај. Најмалку едно лице загина, а 19 лица се повредени, објави државната телевизија ТРТ, пренесе Вашингтон пост Се додава дека загинатиот бил еден од пилотите на балоните, но засега не е познато како дошло до несреќата. Летањето со балон е популарна туристичка атракција низ суровиот пејзаж на централна […]

Два балони се урнаа во турската покраина Аксарај.

Најмалку едно лице загина, а 19 лица се повредени, објави државната телевизија ТРТ, пренесе Вашингтон пост

Се додава дека загинатиот бил еден од пилотите на балоните, но засега не е познато како дошло до несреќата.

Летањето со балон е популарна туристичка атракција низ суровиот пејзаж на централна Турција, кој е полн со антички цркви издлабени во карпи.

Меѓу атракциите се и „самовилски оџаци“ на Кападокија, високи карпести формации во форма на конус создадени од природна ерозија во текот на илјадници години, кои се дел од светското наследство на УНЕСКО.

Најнови вести од: Хроника Свет

Масовно „чистка“ во Пентагон: Хегсет го смени шефот на Генералштабот и уште неколку други генерали без објаснување

Отпуштањето доаѓа во многу чувствителен момент – додека американските сили водат активни воени операции против Иран, а илјадници војници од 82-ра воздушно-десантна дивизија се упатуваат кон регионот.

To top