Хроника

Ем пијан, ем без дозвола, ем со истечена сообраќајна, ем излетал од пат

Лишен од слобода 67-годишен жител на Кадрифаково, кој истовремено направил повеќе сообраќајни прекршоци

Жител на село Кадрифаково, светиниколско, е лишен од слобода откако му пошло од рака да направи повеќе сообраќајни прекршоци истовремено и на крајот да заврши надвор од пат во тешка алкохолизирана состојба.

„На 02.09.2026 во 16:13 часот, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода Д.Б. (67) од с. Кадрифаково, светиниколско. Претходно, тој со патничко возило „форд“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал во село Кадрифаково, излетал надвор од патот.

При преземање мерки било констатирано дека го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,09 промили алкохол во крвта, без да поседува важечка возачка дозвола и со измината важност на сообраќајната дозвола. Извршен е увид, за настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

 

Најнови вести од: Хроника

Жителка на Куманово требала да врати 2500 евра камата за еден месец за заем од 4 илјади евра! Истрага за четворица за криминална изнуда и перење пари

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка против четири лица, за кои постои сомнеж дека биле дел од злосторничко здружение, а вршеле и перење пари и изнуда. За тројца од нив денес до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување притвор, додека четвртиот веќе е надвор од Македонија.

To top