Хроника

Фабриката на „Макпрогрес“ во Виница во пламен

Во гасењето на пожарот дојдоа на помош пожарникарите од Кочани, а побарана е поддршка и од Штип, и Македонска Каменица

Магацини и неколку производствени погони на фабриката за слатки „Макпрогрес“ во Виница попладнево ги зафати пожар, во чие гасење на Територијалната противпожарна единица во градот им дојдоа на помош колегите од Кочани, а побарана е поддршка и од Штип и од Македонска Каменица.

„Денес, во 18:40 часот, во Центарот за управување со кризи преку бројот Е-112 е добиена пријава за пожар во фабриката за кандирани производи и вафли „Винчини“ во Виница. Пожарот избувнал во магацините и во производствените погони 6, 7 и 8 на фабриката. На терен веднаш излегле екипите на ТППЕ Виница со неколку противпожарни возила и пожарникари“, соопштија од ЦУК.

„Макпрогрес“ е производител на познатиот бренд „Винчини“.

Најнови вести од: Хроника

Уапсени седум безобѕирни возачи, меѓу нив пијани, со забрани, и еден малолетник!

Седум возачи завршија во полициска станица во изминатото деноноќие, поради безобѕирно возење на патиштата низ државата. Меѓу нив имало и малолетник зад волан. Најголем дел од приведените, четворица, возеле без возачка дозвола. Еден од нив бил малолетник, кој бил затекнат како управува возило во Тетово. Други случаи на возење без дозвола биле забележани  во Гостивар, Кавадарци и Прилеп.

To top