Хроника

(Фото): Пожар во Визбегово, гореше приватен имот со стари возила

Голем пожар попладнево избувна во скопската населба Визбегово, во близина на обиколницата, каде што, според информациите од градоначалникот на Орце Ѓорѓиевски, се запалил приватен имот на кој биле складирани стари автомобили.

Пожар избувна во депонија во скопската општина Шуто Оризари, при што се запали машина за мелење железо, соопшти Центар за управување со кризи. Од ЦУК информираат дека на бројот 112 била пријавена запалена машина на улица „1675“ број 24, по што Бригада за противпожарна заштита на Град Скопје интервенирала со две противпожарни возила.

Директорот на ЦУК, Мухамед Али, соопшти дека според информации од Регионалниот центар за управување со кризи во Скопје, пожарот е ставен под контрола и нема опасност од негово понатамошно ширење, бидејќи објектот е ограден со ѕидови.

Екипите на Противпожарната бригада на Скопје веднаш излегле на терен и со сите расположливи ресурси активно работат на гаснење на пожарот. Паралелно, на местото на настанот се присутни и инспектори од Град Скопје. За случајот се известени Министерство за внатрешни работи, Државен инспекторат за животна средина, како и Јавно обвинителство, кои преземаат активности во рамки на своите надлежности.

Надлежните апелираат до граѓаните да останат смирени, да бидат внимателни и да ги почитуваат насоките на службите. Состојбата внимателно се следи, а институциите постапуваат координирано со цел пожарот да биде ставен под контрола и да се заштити здравјето на граѓаните и животната средина.

Од Град Скопје порачуваат дека нема да се толерира неодговорно однесување и создавање диви депонии, потенцирајќи дека секој што го загрозува јавниот интерес ќе сноси одговорност. Интервенцијата била брза, а состојбата на терен е стабилизирана.

Најнови вести од: Хроника

Доживотен затвор за серискиот убиец Трајко Бојковски, поради четири убиства и два обида за убиство на жени

Основниот суд во Куманово денеска ја изрече пресудата за Трајко Бојковски, обвинет за четири убиства и два обида за убиство на жени во регионот на Старо Нагоричане. Судот го осуди Бојковски на казна доживотен затвор, со што заврши првостепената судска постапка која предизвика голем интерес во јавноста.

Од 12 октомври 2026 започнува „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Кичево и во Дебар

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека од понеделник (12.10.2026), системот за сообраќаен надѕор „Безбеден град“ започнува со работа и на подрачјето на СВР Охрид, односно и во Струга, Кичево и во Дебар.

Притвор и куќен притвор на двете вработени во АД „Државна лотарија“ за проневера на 1,3 милиони евра

Судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по предлог на Обвинителството, им определи мерка притвор и куќен притвор на двете осомничени финансиски раководителки во АД „Државна лотарија“ за “проневера во служба”.

Одземен пасошот и забрана за работа за Вишиот јавен обвинител од Битола, се сомничи за криминал и мито

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за определување мерки за претпазливост против П.В. – Виш јавен обвинител од Битола, по сослушување на осомничениот во присуство на неговиот бранител, како и по ценење на фактите и доказите содржани во предлогот, донесе решение со кое го прифати предлогот на ОЈО ГОКК.

To top