Хроника

(Фото): Во пожар изгореа 45 сандаци со пчели и една куќа

Откако огнот успешно беше изгаснат во селото, истиот успеа да се префрли во северниот дел од шумскиот појас и постои реална опасност пожарот да го зафати бачилото на еден наш соселанец, кое се наоѓа на околу два километри од огненото жариште – истакна Димче Стојкоски, претседател на МЗ село Душогубица.

Силен пожар денес избувна во село Душогубица, Кичевско. Поради сушата, како што објави Нова Македонија, ветерот и конфигурацијата на теренот, огнената стихија брзо се прошири речиси во целото село и се префрли во шумскиот појас над селото, каде сѐ уште е активно жариштето, а најзагрозено е едно бачило, сопственост на жител на Душугубица..

Во раното претпладне во атарот на село Душогубица, Кичевско, избувна голем шумски пожар. Поради ветерот и големата суша пожарот со голема брзина се ширеше во селото, а го зафати и шумскиот појас во непосредна близина на селото. При овој пожар изгореа 45 сандаци со пчели, една постара куќа среде село и два полски тоалети. Благодарение на брзата интервенција на вработените на Лопушник, ТППЕ Кичево и хеликоптер на МВР, кој во шест наврати истури вода врз опожарената површина, и спречи пожар од поголеми размери, а најголема опасност постоеше за бачилото на еден од селаните каде се наоѓаа над 200 грла овци, оддалечено околу 2 километри од селото. Откако огнот успешно беше изгаснат во селото, истиот успеа да се префрли во северниот дел од шумскиот појас и постои реална опасност пожарот да го зафати бачилото на еден наш соселанец, кое се наоѓа на околу два километри од огненото жариште – истакна Димче Стојкоски, претседател на МЗ село Душогубица.

Најнови вести од: Хроника

Девет лица приведени за 24 часа, меѓу кои и малолетник – возеле без дозвола и под дејство на алкохол

Во засилени полициски контроли спроведени во изминатото деноноќие низ целата држава, лишени од слобода се девет возачи, дел возеле без дозвола, дел под дејство на алкохол, а еден и покрај активна забрана. Со еден родител бил извршен службен разговор поради безобѕирно управување со возило.

Кривична против седум поединци, меѓу кои има и цариници, и две правни лица за фалсификување документи при увоз на „Мерцедес-Мајбах“

Одделението за истраги, при Секторот за контрола и истраги, откри организиран криминал во кој луксузно употребувано возило „Мерцедес-Мајбах“ во 2023 година било пуштено во слободен промет и успешно регистрирано со помош на фалсификувани документи со што Буџетот бил оштетен за 1,9 милиони денари.

To top