Хроника

Германски државјанин протеран од Македонија за знаме на Голема Албанија

Протераниот доби условна казна затвор од две години за истакнатото знаме пред мечот Шкендија – Карабах

Државјанин на Германија е експресно осуден на условна казна затвор од две години и протеран од Македонија, со забрана за влез во наредните пет години, поради истакнување знаме на Голема Албанија со натпис „Автохтони“ на фудбалскиот натпревар Шкендија – Карабах на 5 август.

Основното јавно обвинителство Скопје по итна постапка поднесе обвинение против него за кривично дело „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“.

Тој веднаш бил забележан и уапсен од страна на полициските службеници и по брзата координација меѓу полицијата и обвинителството, Основниот кривичен суд во Скопје донесе пресуда со која го прогласи обвинетиот за виновен.

 

Најнови вести од: Хроника

Девет лица приведени за 24 часа, меѓу кои и малолетник – возеле без дозвола и под дејство на алкохол

Во засилени полициски контроли спроведени во изминатото деноноќие низ целата држава, лишени од слобода се девет возачи, дел возеле без дозвола, дел под дејство на алкохол, а еден и покрај активна забрана. Со еден родител бил извршен службен разговор поради безобѕирно управување со возило.

Кривична против седум поединци, меѓу кои има и цариници, и две правни лица за фалсификување документи при увоз на „Мерцедес-Мајбах“

Одделението за истраги, при Секторот за контрола и истраги, откри организиран криминал во кој луксузно употребувано возило „Мерцедес-Мајбах“ во 2023 година било пуштено во слободен промет и успешно регистрирано со помош на фалсификувани документи со што Буџетот бил оштетен за 1,9 милиони денари.

To top