Хроника

Голема трагедија: Ристе Велков и синот Адам меѓу загинатите на обиколницата

Оперскиот пејач Ристе Велков и неговиот син Адам се меѓу четирите жртви во страшната сообраќајна несреќа што се случи ноќеска на скопската обиколница.

Оперскиот пејач Ристе Велков и неговиот син Адам се меѓу четирите жртви во страшната сообраќајна несреќа што се случи ноќеска на скопската обиколница.

Според достапните информации, Ристе Велков (51) го управувал возилото „БМВ“ во кое се наоѓале уште тројца млади луѓе, меѓу кои и неговиот син Адам Велков, студент на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ). Со нив бил и 20-годишниот П.М., додека идентитетот на четвртото лице е утврден во текот на истрагата.

Трагедијата се случила помеѓу надвозникот Визбегово и клучката Мирковци. Товарно возило со косовски регистарски таблички ја пробило заштитната ограда, преминало во спротивната лента и со голема брзина директно се судрило со „БМВ“-то. По силниот удар, патничкото возило се запалило и целосно изгорело.

Според неофицијалните информации, камионот удрил без кочење. Возачот на камионот, 76-годишен државјанин на Косово, е приведен и се наоѓа во полициски притвор, а истражните органи ја утврдуваат точната причина за несреќата.

Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека во несреќата загинале возачот Р.В. (51), двајца 20-годишни сопатници и уште едно лице. Подоцна беше официјално потврдено дека меѓу загинатите се истакнатиот оперски уметник Ристе Велков и неговиот син Адам.

Најнови вести од: Хроника

ОЈО Скопје за „Алта банка“: Предмети отвораме на докази, а не на барања на политички партии – СДСМ му се заканува на Савески!

„Савески навреме нека се огради од Мицкоски и нека почне да си ја врши работата во интерес на граѓаните на Македонија, бидејќи во спротивно го чека истата судбина како неговите колеги во Србија!“ – се закани СДСМ преку својата портпаролка рече Богданка Кузеска.

УГД им го стави во мирување работниот однос на двајцата осомничени вработени за злоупотреби со студентски оценки

Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип информира дека го става во мирување работниот однос и им се одзема пристапот во електронскиот систем на двајцата вработени против кого Основното јавно обвинителство-Штип поведе постапка за злоупотреба на службената положба и компјутерска измама.

To top