Хроника

Хорор во Кичевско: Повредено дете по напад од ротвајлери

Случајот е пријавен во Министерството за внатрешни работи, а мајката апелираше до институциите да преземат мерки за да се спречат слични инциденти.

Мајка од Гостивар доживеала вистински ужас пред три дена во кичевското село Другово, кога две агресивни кучиња од расата ротвајлер нападнале неа и нејзините две малолетни деца за време на прошетка.

Лени Анѓелкоска Здравеска, преку емотивна објава на социјалните мрежи, го опиша трауматичното искуство и побара итна реакција од институциите и одговорност од сопственикот на кучињата.

Според нејзиното сведоштво, инцидентот се случил на 22 мај. Додека шетала со децата, двете кучиња ненадејно почнале агресивно да лаат. Во паника, мајката го кренала помалото дете во раце, а со другата рака се обидувала да го заштити поголемото дете.

„Едното куче ми го повлече малото дете од раце и тоа падна на бекатон. Додека се обидував да го спасам, се појави и другото куче, кое агресивно ме нападна, ми го фати за дуксерот и повторно ми го повлече детето“, напиша таа.

Мајката раскажува дека детето било влечено по земја, а во еден момент завршило опасно блиску до предното тркало на автомобил што се приближувал. Со последни сили успеала да го извлече и да се засолни во соседен двор. Детето претрпело телесни повреди и било пренесено во Медицинскиот центар Кичево.

Лени Анѓелкоска Здравеска особено ја истакнува ладнокрвната реакција на сопственикот на кучињата, кој наводно рекол дека „не му е ништо“ и не покажал никаква грижа.

Случајот е пријавен во Министерството за внатрешни работи, а мајката апелираше до институциите да преземат мерки за да се спречат слични инциденти.

Најнови вести од: Хроника

Првообвинетиот за пожарот во дискотеката во Кочани Дејан Јованов (Деко) ќе излезе наскоро од притвор

На 3 октомври првообвинетиот за пожарот во дискотеката во Кочани, Дејан Јованов (Деко) ќе излезе од притвор, потврдил Кривичниот суд за ТВ Телма. Според Законот за кривичната постапка, тој може да биде во притвор максимум една година од оценката на обвинението.

Тошковски во посета СВР Тетово: „Безбеден град“ дава резултати, три жртви во сообраќајот наспроти девет минатата година

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Тетово оствари средба со ректорот и раководството на Државниот универзитет во Тетово. Потоа во Секторот за внатрешни работи Тетово разговараше со раководството за безбедносната состојба, проблемите и резултатите од работењето.

To top