Хроника

Кривична за две лица за пукањето на Пластичарска, во кое загина 26-годишник

МВР поднесе кривична пријава против две лица во врска со убиството на 26-годишниот А.М. од Скопје

МВР поднесе кривична пријава против две лица во врска со убиството на 26-годишниот А.М. од Скопје, кој беше застрелан во близина на раскрсницата на улиците „Прохор Пчински“ и „Војдан Чернодрински“.

Единицата за насилен криминал – Одделението за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје, по преземените мерки и активности, до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Р.К. и И.С. поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „убиство“.

Случајот се однесува на настанот од 6 септември, околу 23:30 часот, кога од мотоцикл на кој имало две лица било пукано со огнено оружје кон група лица.

Во престрелката бил погоден А.М. (26) од Скопје. Тој со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што починал.

За случајот е поднесена кривична пријава против Р.К. и И.С., а натамошната постапка ја презема надлежното јавно обвинителство.

Најнови вести од: Хроника

Притвор и куќен притвор на двете вработени во АД „Државна лотарија“ за проневера на 1,3 милиони евра

Судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по предлог на Обвинителството, им определи мерка притвор и куќен притвор на двете осомничени финансиски раководителки во АД „Државна лотарија“ за “проневера во служба”.

Одземен пасошот и забрана за работа за Вишиот јавен обвинител од Битола, се сомничи за криминал и мито

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за определување мерки за претпазливост против П.В. – Виш јавен обвинител од Битола, по сослушување на осомничениот во присуство на неговиот бранител, како и по ценење на фактите и доказите содржани во предлогот, донесе решение со кое го прифати предлогот на ОЈО ГОКК.

Уапсен 69-годишник во Гостивар откако полицијата му пронајде пушка и 110 куршуми

Надлежните пронајдоа и одзедоа автоматска пушка со рамка во која имало шест куршуми од 7,65 мм, рамка со седумнаесет куршуми од 7,65 мм, како и неколку кутии со вкупно 110 парчиња муниција од различни калибри

To top