Хроника

Кривични пријави за насилничките што тепаа 14.годишно девојче

По насилството, осомничените ѝ се заканиле на малолетничката да не го пријавува случајот и да не зборува за видеото, предупредувајќи ја дека во спротивно „ќе ѝ се случи нешто уште полошо“

 

Против П.А. (18) од селото Лојане, општина Липково, како и против две малолетнички на возраст од 14 и 15 години од Куманово, поради сомнение дека сториле кривично дело „насилство“, кумановската полиција поднесе кривични пријави.

Инцидентот, за кој медиумите веќе известуваа, се случил на 13 март 2026 година, околу 18 часот, кога осомничените повикале 14-годишно девојче да излезе од својот дом.

Девојче во Куманово брутално тепено и понижувано од врснички (ВИДЕО)

Потоа ја убедиле да влезе во просторија во близина на спортскиот центар „Соколана“ во Куманово, каде најпрвин ја навредувале, а потоа физички ја нападнале.

Според пријавата, целиот напад го снимале со мобилен телефон.

По насилството, осомничените ѝ се заканиле на малолетничката да не го пријавува случајот и да не зборува за видеото, предупредувајќи ја дека во спротивно „ќе ѝ се случи нешто уште полошо“.

Најнови вести од: Хроника

Две години затвор за Пеце Матовски, поранешниот директор на РЕК „Битола“ за спорниот тендер за јаловина

Поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски, е осуден на две години затвор за злоупотреба на службената положба при спроведувањето на тендерот за ископ на јаловина во периодот 2022–2023 година, на кој била избрана битолската компанија „Руд Коп“.

Повторно зачестени измамнички пораки за наводна наплата на сообраќајни прекршоци – МВР повикува на внимателност

Станува збор за обиди за фишинг измами, при што преку лажни пораки и линкови се бара од граѓаните да пристапат до веб-страници и да внесат лични и банкарски податоци, со цел нивна злоупотреба.

Осум дена притвор за возачот од Битола, откако беше приведен и по вторпат: првиот пат со 3,23, а потоа и со 3,50 промили алкохол во крвта!

Х.Ј. (29) првиот пат бил запрен кај спортската сала „Боро Чурлевски“ со 3,23 промили, а два дена подоцна на Партизанска повторно возел пијан. Му е одреден осумдневен притвор.

To top