Хроника

Кривично ќе одговараат тројца полициски службеници , не постапиле по сторени сообраќајни прекршоци

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Б.Ф., Ѓ.И. и С.П. поради основи на сомнение за сторно кривично дело ,,несовесно работење во службата“ по член 353-в став 1 од Кривичниот законик.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Б.Ф., Ѓ.И. и С.П. поради основи на сомнение за сторно кривично дело ,,несовесно работење во службата“ по член 353-в став 1 од Кривичниот законик.

Б.Ф., Ѓ.И., и С.П., сите од Одделението за прекршоци при СВР Скопје, несовесно постапиле при вршење на своите овластувања и должности. Тие во временскиот период од 01.01.2022 до 31.12.2023 година примиле записници за констатирани сообраќајни прекршоци и прекршочни платни налози сторени од граѓани на подрачјето на град Скопје и за истите не постапиле во законски предвидениот рок од две години, согласно член 41 од Закон за прекршоци, информираа од полицијата.

За 143 предмети не изготвиле барања за поведување на прекршочна постапка, а додека за 30 предмети биле изготвени барања за поведување на прекршочна постапка, но истите не биле проследени до надлежните институции во законски предвидениот рок, со што овозможиле да настапи застареност на поведување и водење на прекршочната постапка.

Со наведените дејствија сториле претпоставена материјална штета на Буџетот на МВР од 865.425 до 1.987.215 денари.

Најнови вести од: Хроника

Македонец добил отказ, па со шише бензин ја запалил пицеријата, а на сопствениците им испратил снимки

Македонски државјанин, С.Г. (46), е уапсен во белградската општина Вождовац под сомнение дека од одмазда ја запалил пицеријата во која до неодамна работел, а потоа им испратил снимки од пожарот на своите поранешни работодавци.

Salt Bae: Како се создаде бренд, но и како една грешка го урна

Приказната за Salt Bae (Нусрет Гокче) е класичен пример за тоа како во 21 век виралноста може да создаде огромна слава и бизнис-империја за кратко време, но и колку брзо една грешка или серија грешки може да го сруши сè што е изградено, па дури и да предизвика поголеми загуби.

To top