Хроника

Лишен од слобода Бугарин што „летал“ со 205 км/ч на автопатот кај Гевгелија

Бугарскиот државјанин управувал „ауди“ со брзина од 85 км/ч над дозволената

Министерството за внатрешни работи лиши од слобода државјанин на Бугарија за безобѕирно управување со моторно возило на автопатот во близина на Гевгелија.

„На 23.01.2026 година во 10:46 часот на автопатот А1, во близина на село Милетково, полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишија од слобода А.К. (52) од Република Бугарија. При контрола со радар било констатирано дека А.К. управувал патничко возило ‘ауди’ со бугарски национални ознаки со брзина од 205 километри на час на место кадешто максимално дозволената брзина е 120 км/ч. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и против него е поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – ‘безобѕирно управување со моторно возило’“, соопшти МВР.

 

Најнови вести од: Хроника

Уапсени седум безобѕирни возачи, меѓу нив пијани, со забрани, и еден малолетник!

Седум возачи завршија во полициска станица во изминатото деноноќие, поради безобѕирно возење на патиштата низ државата. Меѓу нив имало и малолетник зад волан. Најголем дел од приведените, четворица, возеле без возачка дозвола. Еден од нив бил малолетник, кој бил затекнат како управува возило во Тетово. Други случаи на возење без дозвола биле забележани  во Гостивар, Кавадарци и Прилеп.

To top