Хроника

М.Р. (18) од тетовска Палатица осомничен дека испраќал лажни пораки за поставени бомби во училишта во Тетово

Со судска наредба е извршен претрес во неговиот дом во селото, при што се одземени повеќе електронски уреди. соопшти полицијата. Полицијата го уапси и му подготвува кривична пријава

„На 27.02.2026 во 09:10 часот во селото Палатица, тетовско, полициски службеници од одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи во координација со полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода М.Р.(18) од село Палатица. Тој се сомничи дека во повеќе наврати испраќал електронски пораки на повеќе образовни институции во Тетово дека во институциите има поставено експлозивни направи. По преземени мерки и извршени проверки е констатирано дека сите дојави за поставени бомби се лажни“, соопшти полицијата.

Денеска, се додава во соопштението, со судска наредба е извршен претрес во неговиот дом во селото, при што се одземени повеќе електронски уреди.

„Лицето е приведено во полициска станица. По целосното расчистување и документирање на случаите, во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти полицијата.


Најнови вести од: Хроника

Жителка на Куманово требала да врати 2500 евра камата за еден месец за заем од 4 илјади евра! Истрага за четворица за криминална изнуда и перење пари

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка против четири лица, за кои постои сомнеж дека биле дел од злосторничко здружение, а вршеле и перење пари и изнуда. За тројца од нив денес до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување притвор, додека четвртиот веќе е надвор од Македонија.

To top