Уапсената македонска државјанка е осомничена за провалa и кражба во Приштина.
Косовската полиција уапсила жена, државјанка на Македонија, која е осомничена за провалa и кражба во стан на улица „Мухарем Фејза“ во Приштина.
Сопственичката на станот, која во моментот била во странство, на 30 октомври пријавила дека нејзиниот стан бил демолиран, а личните предмети украдени. Според пријавата, делото се случило во периодот од 23 до 26 октомври 2026 година.
Осомничената македонска државјанка била уапсена и по одлука на обвинителот е задржана во притвор.
Полицијата ја води истрагата за утврдување на сите околности на случајот.