Македонија

Еуростат: Во Македонија, две третини од семејствата немаат деца!

Во 2025 година, во Македонија биле евидентирани вкупно 595.600 домаќинства, а од нив, 393.400 биле без деца

 

Според податоците на Еуростат за структурата на домаќинствата, во 2025 година во Македонија 66,1 отсто од домаќинствата биле без деца, додека 33,9 отсто имале издржувани деца. Во споредба со просекот во Европската Унија – каде што 76,6 отсто од домаќинствата немаат деца – уделот на домаќинствата со деца кај нас е значително поголем.

Во 2025 година, во Македонија биле евидентирани вкупно 595.600 домаќинства. Од нив, 393.400 биле без деца, додека 202.200 имале деца, пренесува „ТВ21“.

Просечниот број на деца по домаќинство изнесувал 0,60, што претставува намалување од 25 отсто во споредба со 2015 година, кога просекот изнесувал 0,80. Просечната големина на домаќинството во земјава се движела меѓу 3,1 и 3,2 члена – што е повеќе од европскиот просек, кој изнесува приближно 2,3 члена. На ниво на ЕУ, уделот на домаќинствата со деца бележи континуиран пад во текот на последните 15 години. Во 2010 година тој изнесувал 26,9 отсто; во 2015 година паднал на 25,9 отсто, а во 2020 година на 25 отсто, за до 2025 година да достигне 23,3 отсто. Тоа значи дека речиси осум од секои десет домаќинства во ЕУ се без деца.

Во истиот период, уделот на домаќинствата составени од едно возрасно лице без деца се зголемил од 33,6 отсто во 2015 година на 37,5 отсто во 2025 година. Од друга страна, уделот на домаќинствата составени од парови со деца се намалил од 16,6 отсто на 14,7 отсто. Меѓу земјите-членки на ЕУ, Словачка има најголем удел на домаќинства составени од парови со деца – 20,3 отсто; по неа следуваат Кипар со 19,6 отсто, Чешка со 18,4 отсто и Луксембург со 18,3 отсто.

Домаќинствата составени од еден возрасен со деца сочинуваат три отсто од вкупниот број домаќинства во ЕУ. Најголем удел од нив има во Естонија – 9,4 отсто, по што следуваат Латвија со 7 отсто и Ирска со 6,9 отсто.

Од друга страна, домаќинствата составени од едно лице без деца се најзастапени во Литванија, каде што сочинуваат 62,5 отсто од сите домаќинства. По неа следуваат Естонија со 53,8 отсто и Финска со 47,9 отсто.

Најнови вести од: Македонија

Шестдневна манифестација во Чаир

Шестдневната програма ќе почне денеска во 18 часот во Албанскиот театар, со настап на ученици од основните училишта во Чаир, а утре во 12 часот ќе биде одбележана 20-годишнината од основањето на Основното училиште „Битолски конгрес“

To top