Хроника

Македонски државјанин нападнат на автопат во Косово, еден приведен

Вчераутро тројца мажи од Косово физички се пресметале со државјанин на Македонија, кој потоа добил медицинска помош

Државјанин на Република Македонија бил физички нападнат од три лица во раните утрински часови во саботата во Шкабај, на автопатот Приштина-Митровица.

Според косовската полиција, инцидентот се случил на 9 август 2025 година, околу 1:40 часот, кога тројца осомничени косовски мажи физички ја нападнале жртвата, која по инцидентот добила медицинска помош.

По приведувањето и разговорот со осомничените, со одлука на обвинителот, едниот од нив бил приведен, а другите двајца биле пуштени на слобода по редовна постапка.

Полицијата започнала истрага за целосно откривање на околностите што довеле до физичкиот напад, а случајот е класифициран како „напад“ и е дополнително обработен од страна на органите на правосудството.

Најнови вести од: Хроника

Приведен еден осомничен за убиството кај Смилковско езеро!

Eдно лице било приведено во рамки на истрагата за убиството кое викендов се случи кај Смилковското Езеро во близина на Скопје кога 38-годишен маж искрвари до смрт откако бил застрелан во нога, дознава Телма ТВ.

Двајца малолетници во Тетово натепале врсник, оти одбил да им го даде својот тротинет – претходно му се заканувале и му барале пари

Малолетник бил мета на закани и барања за пари од две други малолетни лица во Тетово. Како што информираат од МВР, вчера во СВР Тетово 43-годишна жена пријавила дека подолг период две малолетни лица му се заканувале на нејзиниот син и барале пари од него. Последниот инцидент се случил пред два дена на Градскиот плоштад […]

To top