Вчерашниот неработен ден ѝ донесе полни раце работа на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи, која од 14 до 20 часот спроведе Републичка акциска контрола во патниот сообраќај за возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената и притоа санкционира 43 од нив.
Изречени се 41 мерка за движење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место и една мерка во населено место.
Едно лице е лишено од слобода за сторено кривично дело по член 297а од Кривичниот законик, поради тоа што управувал моторно возило во спротивна насока на автопат.