Хроника

На 15 Декември во МНТ важна епизода за одбрана на македонскиот идентитет

Последна битка против турбо фолкот, Лукас, Азис, Џејла… и обид за заштита на македонскиот културен идентитет

Изведбата на македонските народни  песни кои ги пееле и свиреле нашите прадедовци и прабаби особено кога  Македонија секојдневно е под силен меѓународен политички притисок и е бомбардирана од разни Лукасовци, Џејли и Азиси, е еден од столбовите на заштита на македонскиот идентитет.

Една од изведувачите кои ја води оваа битка за заштита на македонскиот културен и музички идентитет е Елена Андоновска која исполнува изворна македонска музика и не потсетува на богатотото лирско и нотно наследство што ни го оставија во аманет Васка Илиева, Вања Лазарова, Никола Бадев, Јонче Христовски и други великани на македонската народна песна.

Елена Андоновска за овој 15 Декември најавува голем солистички концерт во Македонската опера и балет.

Пејачката која ја промовира македонската музичка историја и  посебност се очекува да приреди музичко – сценски перформанс во придружба на голем оркестар и повеќе од триесет македонски уметници на сцената.

Елена најавува вечер со звучна креативност, музичка магија, емоции, љубов кон народната песна.

Елена Андоновска е дама која од 14 години гордо ги пее македонските изворни песни и на која одлично и прилега македонска традиционална облека.

Со нејзиниот славејски глас ги интерпретира песните на македонските доајени на народната музика.

Веќе 16 години е амбасадор на македонските ора, танци и песни како член на „Танец“.

 

 

Најнови вести од: Хроника

Уапсени седум безобѕирни возачи, меѓу нив пијани, со забрани, и еден малолетник!

Седум возачи завршија во полициска станица во изминатото деноноќие, поради безобѕирно возење на патиштата низ државата. Меѓу нив имало и малолетник зад волан. Најголем дел од приведените, четворица, возеле без возачка дозвола. Еден од нив бил малолетник, кој бил затекнат како управува возило во Тетово. Други случаи на возење без дозвола биле забележани  во Гостивар, Кавадарци и Прилеп.

To top